ЈУМЕИХО МАСАЖИ

Јумеихо масажи во фитнес центар Палестра: „Најважната цел на Јумеихо техниката е корекција на асиметријата на карлицата, прилагодување на ‘рбетот и мобилизирање на природните сили на организмот“.

Целото верување на оваа техника е во поглед на тоа дека нашата карлица е центарот и основата на нашиот скелет. Асиметричната карлица може да биде причина за многу мускулно – скелетни дисфункции, а сето тоа се должи на асиметричниот ефект и оптоварување на едната страна од телото.

Видео

Како резултат на асиметријата на карлицата, се прават сериозни промени во телото и ‘рбетниот столб воопшто, па токму тука е и повеќе од потребно практикување на Јумеихо техниката која може да помогне во:

  • Болки и вкочанетост во ‘рбетниот столб и околната мускулатура
  • Трнење во екстремитетите
  • Главоболки
  • Подобрена функција на човечкото тело
  • Подобрен спортски перформанс
  • Намалување на ризик на повреди
  • Подобрено закрепнување од тренинзи
  • Вкочанети колкови, колена , рамена и сите зглобови

„Факт е дека имаме поголема контрола врз нашето здравје и живот отколку што сме научени да веруваме. Мојата мисија е да им помогнам на луѓето да бидат свесни за своите проблеми во телото, да преземат одговорност за решавање на истите и да стекнат доверба во мојата работа со цел да ја коригираме физичката позиција на телото, неговата симетрија и слободата на движење“, посочува терапевт Анастасија Петковска која со огромно внимание и љубов се грижи сите клиенти да ја подобрат својата виталност. 

Нејзиниот неверојатен професионализам и ентузијазам кога се Јумеихо масажите во прашање ги дели и терапевтот Александар Дојранлиев кој посочува дека чувството на леснотија на нашето тело и водењето на поквалитетен живот треба да биде наша главна цел. 

Сите оние кои ќе одлучат да ги искусат предностите на Јумеихо техниката во фитнес центар , ќе уживаат во едно неповторливо искуство што ќе ви донесе сосема нова енергија. 

* Третманот се изведува целосно облечени во удобни панталони или тренерки и маичка.