палестра

ТИМ

Виолета Балшевска

Со искуството и знаењето, како и креирањето на специфични и уникатни програми правени и прилагодени индивидуално за секој клиент, зависно од нивните потреби, можам да им помогнам на клиентите побрзо да стигнат до посакуваната цел. Како тренер, целосно се насочувам кон подобрување на секојдневниот живот на моите клиенти што доведува до здрави навики на долг рок. Подеднакво важна во целиот процес е исхраната која заедно со вежбањето е неминлив дел кон создавањето на посакуваното здраво тело, за што и секојдневно работиме.

Специјалност:

Индивидуални и групни тренинзи
100%
Трансформација и намалување на килограмите
100%
Затегнување и тонирање на телото
100%

Бојан Живковиќ

Она на што особено се радувам и целосно се насочувам е Skill X методот на тренинг што за прв пат ќе биде застапен кај нас. Истиот се заснова на вешт атлетски метод, избалансиран формат на тренинг, за кој научно е докажано дека ги зголемува физичките капацитети. Сите тренинзи ќе бидат дизајнирани да ја надополнат моќта, агилноста, брзината и издржливоста на моите клиенти. Постојано ќе бидам тука да ги потсетувам зошто почнаа со тренинзи и ќе ги мотивирам никогаш да не се откажат, а со мојата посветеност ќе им докажам дека вежбањето е од исклучителна важност за добро здравје и долг живот.

Специјалност:

Моторичко – функционална подготовка на спортисти и рекреативци
100%
Skill X
100%

Валентин Димитриоски

Зголемена сила и флексибилност, издржливост, намален ризик од повреди и создавање на здрави навики на живот е само дел од она што сакам да им го пренесам на моите клиенти. Тренинзите ќе бидат прилагодени за потребите и можностите на секој од нив. Меѓу најважните лекции сакам да биде вистинското значење на зборот „диета”. Намалениот внес на храна во телото нема да нè доведе до губење на килограми, туку внесувањето на храна на пократки временски интервали и во соодветна количина е токму она што ќе ве донесе до посакуваниот изглед и тежина. Како вашето тело ќе изгледа и ќе се чуствува зависи во голем дел од тоа што ќе внесете како „гориво”. Нека вашето “summer body” трае цела година.

Специјалност:

Индивидуални и групни тренинзи
100%
Трансформација и намалување на килограмите
100%
Затегнување и тонирање на телото
100%

Стојан Поповски

Секогаш спремен за напредок, едукација, усовршување, посветено и паметно тренирање, а тоа е клучно кога се во прашање психофизичките придобивки на клиентите кои се дел од одреден тренажен процес. Најдобрите резултати од мое лично долгогодишно искуство се прават доколку се успее во „формулата” баланс помеѓу самите тренинзи, можностите на клиентот, неговите амбиции и цели како и неговиот биоритам. Секако, подеднаква важност во целата оваа приказна има и исхраната и токму поради тоа секогаш се трудам да го најдам најдобриот рецепт кој е комбинација од ефективен, и „паметен” тренинг со избалансирана исхрана според потребите и плановите на клиентите и секако најважното, константноста во погоре наведеното.

Специјалност:

Професионален триатлонец
100%
„functional”, „endurance” и “FBS” (Full Body System) тренинг
100%

Иван Колачески

Многу е важно вежбањето да нѝ стане навика, а не обврска. Вежбаме за да сме посилни, да имаме повеќе енергија и да се движиме полесно. Не смееме да дозволиме квалитетот на животот да ни биде намален поради неактивноста. Моите тренинзи ќе бидат целосно посветени на оние клиенти кои имаат постоечка повреда, страв од болка или се враќаат после долга неактивност, па за нив секогаш е препорачливо да го отпочнат тренажниот процес со тренер. Кога се бира тренер со позадина во физикална терапија – можат да се осигураат дека сите постоечки болки или стравови ќе бидат адресирани на правилен начин.

Специјалност:

Физикална терапија
100%
Рехабилитација
100%