fbpx

3 совети за враќање во теретана по зимските празници

Добредојдовте назад во Palestra Fitness Center!

Понекогаш првиот чекор е и најголемиот што треба да се направи, но многу ни е мило што се ве гледаме повторно по зимскиот распуст.

По уживањето и мрзеливоста на празничната сезона, време е да земеме замав на работите, и да се вратиме во теретана. Повеќето сигурно имаат ставено некој килограм вишок или изгубиле малку од мускулната маса за време на празничните прослави и гозби. Но, не се грижете, никогаш не е доцна да се вратите на вистинскиот пат и да почнете да работите кон вашите фитнес цели. Поготово ако е на вашата листа како новогодишна резолуција.

Во оваа блог објава, ќе ви помогнеме со неколку лесни совети и стратегии кои ќе ви помогнат да се вратите во најдобра форма, после долга пауза. Без разлика дали сте искусен спортист или почетник кој бара знак за да ја започне својата фитнес авантура, овие неколку совети ќе ви помогнат да се чуствувате најдобро во своето тело.

Ова се 3 совети од нашите тренери, за како да го олесните враќањето во тератана и да ја вратите мотивацијата.

Бидете искрени со себе! – За почеток, најбитно е да бидете искрени со себеси. Бидете отворени, слушајте го вашето тело, видете како се чуствувате, и запомнете дека ова е ваше патување. Одете полека, и правете го она што најмногу ви одговара на вас и на вашето тело.

Најдете нешто што сакате да правите! – Второ, но исто така битно, е да се увериме дека се забавувате. Иако вежбањето не е омилена работа кај некои луѓе, тоа треба да е дел од вашата рутина. Па затоа, треба да го најдете вашиот пат, нешто што ќе ви се допаѓа и ќе ве прави среќни да го правите. Можеби не сакате да трчате на трака за да ја исполните кардио целта, но сакате да танцувате? Или сакате дружба во група додека вежбате? Зошто да не пробате Brazilian Beat Workout, Barre или можеби SkillAthletic!

Фокусирајте се на напредокот! – Фокусирајте се на напредокот, а не на совршенството. Исполнувајте ги сите секојдневни задачи и навики, и останатото ќе си дојде на свое место. Малите промени водат кон големи резултати, само ако останете доследни.

И запомнете, не мора да го правите сето тоа сами! Во секое време ние сме подготвени да ви помогнеме, и да веруваме во вас, дури кога вие не верувате!

Време е да се предизвикате себеси! Се гледаме во фитнес сала!