fbpx

Foam rolling 101

Како Foam Roller-от ќе ви помогне при вежбањето

Во областа на фитнесот и закрепнувањето, Foam Roller се здоби со популарност поради своите извондредни придобивки. Ако некогаш сте се запрашале за оние цилиндрични цевки од пена кои се наоѓаат во теретана или сте виделе спортисти како се тркалаат напред-назад по нив, тогаш станува збор за Foam Roller. Во овој блог ќе ги истражиме придобивките, како функционира и зошто Foam Roller-от треба да стане дел од вашата рутина за вежбање.

Што е всушност Foam rolling?

Foam rolling или само-миофасцијално ослободување, е техника на самомасажа која вклучува користење на ролери со пена за да се притисне и да се масираат различни области на телото. Foam Roller е цилиндричен уред направен од густа пена и е достапен во различни големини и текстури. Со користење на својата телесната тежина и тркалање напред-назад на ролерот, можете да насочите кон одредени мускули и фасции, помагајќи да се ослободите од напнатоста, да се ублажи затегнатоста и да се подобри целокупната подвижност.

Како функционира Foam Roller-от?

Спротивно од популарното верување, Foam Roller-от, физички не ги раскинува јазлите во мускулите, туку го стимулира нервниот систем да ја опушти напнатоста во околното ткиво. Додека се превртувате над пената, рецепторите испраќаат сигнали до ‘рбетниот мозок. Парасимпатичниот нервен систем реагира со испраќање сигнали назад до мускулите или ткивата за да се релаксираат. Притоа, foam roller-от го зголемува опсегот на движење во мускулите и тетивите и околу зглобовите.

Тој исто така го зголемува и протокот на крв, помагајќи му на телото побрзо да пренесе кислород во клетките и хранливи материи. Па, затоа е супер да го внесете во вашата рутина на загревање пред тренинг, како и после вашиот тренинг кога го ладите телото, со цел да се отстранат токсините акумулиран во мускулите.

Придобивки од Foam Rolling

Ја ублажува мускулната тензија: После вежбањето, може да ги почувствувате резултатите од вашата напорна работа во мускулите преку болки, стегање или јазли.

Ако имате болка поради вкочанетост, Foam Roller-от прави стимул што им е потребен на вашите мускули да се релаксираат и ефикасно да ја ублажи болката. Чинот на примена на компресија на тие точки на активирање може да помогне во олабавување на мускулите, помагајќи да се намали болката и вкочанетоста.

Ги загрева мускулите: Триењето што се создава со превртување на Foam Roller-от, преку вашите ткива создава топлина што ги загрева мускулите, тетивите, фасциите и другите сврзни ткива. Кога ткивото и мусклите се загрени, има значително помала веројатност да се повредат. Па затоа, внесувањето на Foam Roling во вашата рутина е важен чекор да се ублажи ризикот од повреда, особено ако сте биле неактивни подолго време пред тренингот.

Ја намалува болката во мускулите: После напорен тренинг е битно телото повторно да се истегне, и да му дадете соодветно време да се олади, со цел да се одбегне вкочанетост и болка во мускулите. Roam Roller-от помага во спречување на адхезии на мускулите и ја подобрува циркулацијата на оксигенираната крв во поткинатите мускули после вежбање. На овој начин се намалува воспалението и болката во и околу мускулите и зглобовите.

Го подобрува циркулацијата: Foam Rolling-от може да помогне во подобрувањето на кардиоваскуларното здравје преку зголемување на протокот на крв. Ова може да биде особено корисно за фасциите, тетивите и лигаментите, кои имаат релативно мал проток на крв во нормални околности. Бидејќи крвта носи кислород, гликоза и други хранливи материи, мускулите и сврзните ткива треба да контрахираат и закрепнат, а зголемувањето на протокот на крв ја подобрува испораката на виталните хранливи материи и може да ја максимизира функцијата и закрепнувањето.

Го подобрува држењето на телото: Лошото држење на телото може да биде предизвикано од различни фактори, како што се долго седење во едно место, држење на телото во неправилна, извиткана форма, неправилно спиење, седење и слично. Подобрувањето на вашето држење не е важно само за естетиката, но е важно и за вашето здравје. Неправилното држење на телото може да придонесе за болки во грбот и вратот, а подобрувањето на држењето е важно за спречување на хронични состојби како дисфункција на ‘рбетот, дегенерација на зглобовите, заоблени рамења и стомак.

Ја подобрува флексибилноста и подвижноста: Редовното користење на Foam Roller го зголемува опсегот на движење и помага да се исправи мускулната нерамнотежа од дисфункционални движења. Тој помага да се исправат мускулните нерамнотежи предизвикани од стрес, лошо држење на телото, или повреда.

Како и со секои останати вежби, конзистентноста во користење на овој уред е од клучно значење за вашето здравје. Ставете си цел на вашето наредно вежбање да испробате Foam Rolling и да ги осетите промените кои ги носи оваа направа. Доколку не сте сигурни со кој Foam Roller да започнете, или кој е погоден за вашите цели или состојба, нашите тренери од Palestra Fitness Center се тука да ви помогнат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *