fbpx

Палестра Инспирација – Синиша Јовиќ

По своето враќање во Македонија во април минатата година и започнување на ново поглавје во својот живот, Синиша Јовиќ започнал потрага по теретана каде што ќе може да вежба во најсовремени услови.

За прв пат зачекорил во Палестра на 1ви мај, но по првиот тренинг, едноставно знаел дека следува промена. До ден денеска, тој нема пропуштено тренинг. 🙌

Бев доста буцкасто дете кое се занимаваше со повеќе спортови меѓу кои пливање, кошарка и тенис. Но морам да бидам искрен – не бев добар во ниту еден од нив. Во тие моменти, ми делуваше дека науката и фитнесот не одат заедно. Пресуден момент за да почнам да вежбам беше мојот најдобар пријател со кој дојдовме до идејата да го започнеме предизвикот Max Insanity 30. Откако успешно го комплетиравме, во мене се вроди љубовта кон овој спорт. Од тогаш, почнав да се занимавам со CrossFit тренинзи, се до 2018-та година кога за прв пат започнав и со тежински тренинзи. 

Кога имаш мотив и љубов кон вежбањето, предизвиците што ќе ти застанат на патот се минимални, смета Синиша. 

Најголемиот предизвик ми беше за време на корона пандемијата кога сите теретани беа затворени. Но, дилема дека нема да тренирам не постоеше. Ми треба неколку часови за да дојдам до идеалното решение. Тогаш живеев во Холандија и за жал по прогласувањето на локдаун, не само што сѐ беше затворено, но и сите можни тежини за домашни услови беа распродадени. Па така, морав да се снаоѓам. Вежбав со 2 бучици од 15 килограми и моја импровизирана олимписка шипка (врзани 2 метли) и тежини (шишиња полнети со вода). 💡

А во деновите кога нема мотивација за вежбање, еве како се справува:

Кај мене важи спротивно – кога нема да отидам на утрински тренинг, буквално немам мотивација за ништо во тој ден. Многу ретко се случува да го пропуштам мојот утрински тренинг – најчесто поради неодложливи работни обврски, но тогаш се снаоѓам и одам да вежбам во попладневните часови. 

Неговата ултимативна фитнес цел е да биде подобра верзија од вчерашниот Синиша. 

Во моментов само што завршив кратка bulk фаза и наредните 3 недели ми се mini-cut периот. Потоа, во зависност од процентот на масти, или ќе бидам на одржување на моменталната мускулатура или следи уште еден месец bulk период (па нели иде лето, сите се спремаат за лето, а ја на bulk ?! 😃). Како и да е, долгорочно одржувам низок процент на масти (па последните три години сум околу 11 – 12 % масти, најниско 6 %), додека успевам да правам прогрес во тежините за време на работните серии.  

За својата фитнес рутина вели дека е премногу едноставна, практична и толку добро му функционира што веќе 3 години ја нема променето. 

Таа се состои од Push/Pull и еднаш неделно Cross-Fit. Не заборавам нозе, практикувам да имам по 2 вежби на секој тренинг за нозе. На тој начин, успевам доволно да ги активирам, а сепак да не бидам воспален, па неколку дена да не можам да возам точак (што ми е омилено споредно хоби). Тренингот најчесто го започнувам со кардио од 10тина минути  (среден интензитет), па потоа истегнување и започнување со тежини. Преферирам слободни тежини и основни движења како deadlift, bench-press, squats. Првите 3 вежби ми се со највисок интензитет compound movement, додека останатите до крај на тренинг ми се изолациони вежби. За да избегнувам повреди, преферирам да имам неколку сета на загревање (односно со пониски килажи од нормалните работни серии) се со цел да тестирам како се чувствувам тој ден и да го одредам лимитот за работните серии. Моето правило е: Подобро тренирај паметно, отколку да го форсираш телото со големи килажи за коишто можеби не секогаш си спремен. 

Кога станува збор за режимот на исхрана, овде Синишта го употребува своето професионално знаење поткрепено од науката. 🧑‍🔬

Во текот на неделата, 90% од времето храната ја приготвува дома, што му помага за постигнување на неговите фитнес цели. 

Се хранам со природни продукти (непроцесирани продукти) – храна што што била достапна на човештвото со векови. Главно имам добри извори на протеини како риба, црвено месо, пилешко, млечни производи (урда, грчки јогурт, млеко, белки), комплексни јаглехидрати (компир – благ и обичен), урми, овошје (знам дека треба да имам ориз, но едноставно не го сакам по вкус), масти (јаткасти плодови, авокадо, жолчки, домашен путер кикирики и бадеми). Од суплементи имам само whey.  И секако консумирам доволно количество на вода. 

Започнал да вежба во Палестра преку препорака на другар, кој препознал каков вљубеник во фитнесот е Синиша. 🤩

Олимписката шипка е неговиот најдобар пријател, а најчесто ќе го најдеш и на lat-pulldown и chest-press машините вежбајќи во ритамот на рокенрол музиката од 70те и 80те.

Сум имал можност да вежбам во различни теретани во моето fitness journey, но кога и да видам справи од серијата Techno Gym Elite – знам дека тренингот е безгрешен. Сепак, нешто што најмногу ме привлече кон оваа теретана беше најпрво позитивната атмосфера на вработените, позитивната и опуштена атмосфера помеѓу посетителите, културата на вежбање, свежината во просторот, добрата музика, но и некои мали работи што можеби изгледаат банално, но сепак ти прават да се чувствуваш попријатно како: крпи за вежбање/туширање (сте ме спасиме барем малку да го намалам волуменот на мојот војнички ранец), можноста да купиш штотуку приготвен мини оброк, кафе, вода. Секако не смеам да ја заборавам и терасата што ја прави Palestra да биде теретана со најдобар поглед во градот, особено рано наутро. 

Том Круз за време на снимањето на Top Gun и Mission Impossible 1 e неговата фитнес инспирација, заедно со сите фитнес тренери со над 10+ години искуство коишто секое утро се појавуваат на тренинг во Палестра. 🚀 

До крајот на 2024та година, пред сѐ – сакам да бидам здрав. Во текот на летниот период би сакал да ги надминувам моите сегашни перформанси и да успевам да станам појак, додека процентот на масти ми се намалува. Се стремам во втората половина од оваа година да имам повторно lean bulk period со што би изградил уште мускулна маса.

А ова се 3те совети што Синишта би ги упатил до сите вежбачи:

✅ Кревај колку што можеш без да ја уназадуваш сопствената форма. За да го зачуваш физичкото здравје мораш да знаеш кој е твојот лимит на тежини и со која тежина ќе го изведеш движењето правилно. Само правилното изведување на движењето ќе ти овозможи долгорочно вежбање без прекини (повреди). Во теретаната не се натпреваруваш со другите, туку со самиот себе!

✅Биди дисциплиниран и мотивиран! Теретаната не е спринт, каде ќе ја достигнеш посакуваната цел и завршуваш. Напротив, теретаната е маратон што го трчаш секојдневно без прекин низ твојот живот. 

✅ Конзумирајте квалитетни производи. Нашето тело нема re-boot, затоа бидете паметни што внесувате во себе, сепак сакаме телото да нѐ служи подолг период. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *