Сѐ започнало во летото 2022 кога Мартин Соколовски не можел да се наведне за да си ги врзи патиките. 😳
Токму тој момент, целосно го трансформирал како личност, одлучувајќи конечно да започне да води здрав живот и да ги елиминира вишокот килограми.
Најголемиот предизвик за да најдам време за тренинг ми претставуваше работата. Немам фиксно работно време и затоа никогаш не можам да си одредам фиксно време за вежбање. Но и покрај тоа, успевам и се снаоѓам да извежбам.
Кога не е мотивиран за да ја посети теретаната, едноставно си вели дека има луѓе што се трудат повеќе од него, доаѓа во сала и по 15 минути вежбање, допаминот му се качува до плафон и завршува со многу добар тренинг. 💪
Немам крајна цел со фитнесот, сепак ова не е спринт, туку маратон. На почетокот го гледав како „Ај бе, ќе направам убаво тело и ќе си бркам работа!” Но, еве сега тоа ми е станато рутина. Можеби еден ден ќе стигнам до ниво да застанам на бодибилдинг сцената.
А еве како изгледа неговата фитнес рутина што одлично му функционира: 🏋️
Тежински тренинг правам 5 дена во неделата, односно понеделник – туркање (Push), вторник – влечење (Pull), среда – нозе, четврток одмарам бидејќи тренингот за нозе ми е исцрпувачки. Потоа, петок и сабота – туркање и влечење (push & pull). Секој ден вежбам различно, зависно од тоа кои мускулни партии ги вежбам. Ако морам да одберам нешто омилено, тогаш тоа не би биле справи, туку free weight вежби (коса клупа бенч, веслање со шипка и чучањ).
Моментално Мартин е во калориски дефицит. Не брои калории, туку макронутриенти, јадејќи 5 до 6 оброци во текот на денот.
Се инспирира од луѓето со коишто вежба како неговиот тренер Јован (Curly), Гулабовски, Тино, Горан, Спирковски, Пакиграм – неговиот прв тренер и други. ✨
Во Палестра вежбам веќе 2 години. Овде се чувствувам како дома. Запознав многу другари и другарки коишто имаат сличен мајндсет со мене.
Неговата цел за летото 2024 е да ја извади најдобрата форма што може и да успее со својот YouTube канал. 🎥
А ова се 3те совети што би им ги дал на новите вежбачи:
✅ Доколку си почетник, најди си добар тренер!
✅ Контролирај ги движењата!
✅ Не вежбај со его, вежбај со памет!