fbpx

Палестра Инспирација – Калина Трајковска

Калина-Трајковска

Калина Трајковска е физички активна уште откако знае за себе. 

Танцот е нејзината прва пасија, но потребата да си го обликува телото и да си зајакне мускулатурата, ја мотивирало да започне со вежбање во теретана. 🏋️

Денес, Калина не може да си го замисли денот без добар тренинг како здрава навика што позитивно се одразува врз секој аспект од нејзиниот живот.

Калина-Трајковска

Вежбањето не го гледам како хоби. Тоа ми е повеќе како обврска што мора да се исполни во текот на денот, без разлика дали тој ден ќе се чувствувам силно или не и дали ќе успеам да најдам време за тренинг. 🙌

Калина вежба во Палестра веќе 1 година. Дошла овде по препорака на дечко ѝ, којшто ни е редовен вежбач уште од самото отворање на фитнес центарот. 

А најчесто ќе ја најдеш на смит машината и сајлите.

Калина-Трајковска

Неделно правам 2 тренинга за горен дел од телото и 2 тренинг за долниот дел. Немам посебен режим на исхрана. Се трудам барем 80% од исхраната да ми се состои од здрави намирници, високо-протеински и со мал процент на шеќери.

Ја инспираат сите родители што наоѓаат време да извежбаат и покрај сите обврски околу децата.

Бидете трпеливи, не се споредувајте со други вежбачи и не се чувствувајте виновно ако понекогаш си каснете нешто нездраво. Балансот е најважен! 💯

Калина-Трајковска

До крајот на 2024та година, Калина има за цел да си ги обликува стомачните мускули.

Овде е тимот на Палестра што ќе те поддржи во секој чекор во остварувањето на твојата фитнес цел! 💪

Калина-Трајковска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *