Прекумерната тежина и потребата за позитивна промена во животот биле пресудните точки за Лазар Ласков да започне да вежба. 🏋️
Преку вежбањето, тој се стреми да биде подобар од тоа што бил вчера, секој нареден тренинг да биде сѐ посилен, вежбата поефективно да ја направи, исхраната да му биде поздрава и да има континуиран прогрес според сите параметри во фитнесот.
Најголем предизвик досега во моето фитнес патување ми беше да го средам начинот на исхрана. Особено моментот кога требаше да се откажам или да ги сведам на минимум некои од омилените намирници што знам дека не ми делуваа добро како пица, помфрит и паста – тестенини во секаква форма. Останатите предизвици како мотивација, енергија, наоѓање време за вежбање никогаш не ми биле проблем, бидејќи знам дека тие 2 часа што ќе ги вложам во вежбање се најдоброто нешто што можам да го направам за себе во тој период.
Токму тие неколку часа време за себе, Лазар ги поминува во Палестра, каде што веќе 3 месеци е наш редовен и дисциплиниран вежбач. 🏆
Избрав да вежбам во Палестра бидејќи повеќе не ми претставуваше предизвик мојата претходна теретана. Успеав во сѐ што можеше да се успее таму. Имам доста другари и познајници што вежбаат овде, па секогаш сум слушал само пофални зборови. Во моментот кога решив да направам промена, изборот беше многу очигледен. Убедливо сметам дека најдобрите услови за вежбање можат да се најдат токму во оваа теретана.
Најчесто ќе го најдеш како вежба со сајли што ги инкорпорира во речиси секој свој тренинг.
А еве како изгледа неговата фитнес рутина: ⬇️
Најчесто тренирам 5 пати нeделno. Еден ден во неделата е наменет за push, 1 за pull тренинг и имам по 1 тренинг за нозе, рамо и раце. Тренингот го завршувам со вежби за стомак и 20-30 минути кардио, со исклучок на денот кога се вежбаат нозе, бидејќи самиот тренинг е повеќе од интензивен.
За справата hack squat за чучњеви вели дека е неговиот најголем непријател, но и предизвик за надминување. За среќа, Лазар е опкружен со луѓе што го мотивираат да биде подобра и посилна верзија од себе.
Хари од @body_develop и Денис со кои заедно вежбам, се моите фитнес инспирации. Тие двајца се луѓето со кои што можам да се советувам како да се изведе некоја вежба, ме туркаат напред кога ми е потребна повеќе енергија и ме поттикнуваат за да напредувам во тренинзите.
По 2ипол години активно вежбање не ја бара мотивацијата, туку е истраен, упорен и решен во секој тренинг да го извади својот максимум. 💪
Мотивацијата е таа којашто иницијално ќе те натера да почнеш да вежбаш. Ќе биде особено изразена во тие први моменти кога ќе видиш резултати, без разлика дали ќе биде тоа промена кај тебе во физичка смисла или начинот како се чувствуваш после добар тренинг.
Тој нема стриктен режим на исхрана, но се труди поголемиот дел од исхраната да му се базира на протеини и да внесува поздрави масти и јаглехидрати.
Калорискиот внес што најмногу му одговара за да има енергија и прогрес при вежбањето е околу 2000 калории дневно што ги евидентира користејќи ја апликацијата Lose it.
Ова се 3 совети што би ги дал до сите вежбачи:
✅Било каков тренинг е подобар од никаков тренинг!
✅Исхраната е подеднакво важна како вежбањето, ако сакате да постигете вистински резултати.
✅Секогаш правило изведувајте ги вежбите и користете тежина што можете да ја контролирате за да избегнете повреди.
Немам конкретна фитнес цел што сакам да ја постигнам до крајот на годината. Ќе се стремам да бидам редовен, истраен и упорен во вежбањето, затоа што сметам дека како во фитнесот така и во другите аспекти во животот, работата на себе трае континуирано до крајот на животот.