
Пресудна точка за Стефан Карагиров да заплива во водите на фитнесот било тоа што имал премногу ниска телесна тежина и сметал дека преку фитнесот ќе се подобри како личност, како и физички така и ментално. 🏋️
По неколку години интензивно вежбање, тој самиот на себеси си докажал дека бил во право што се одлучил да го започне своето фитнес патување.
Веќе 5 месеци Стефан ни е редовен вежбач во Палестра.
Неговата позитивна енергија и мотивираност кон подобрување на своето тело се заразни за околината.
Кога немам мотивација за вежбање, размислувам на тоа како би се чувствувал доколку не го одработам тренингот, но од друга страна и како би се чувствувал доколку го одработам. Сепак, на крајот на денот, клучот е токму во дисциплината што ја имаме како вежбачи. 💪
Започнал да вежба бидејки бил генетски поприлично послаб, со предизвик пред себе да додаде телесна маса.
Денес, неговата фитнес цел е насочена кон намалување на процентот на масти во телото.
А еве како изгледа неговата фитнес рутина: ⬇️
Во последно време практикувам рутина со тренинзи 4 до 5 пати неделно, претежно за хипертрофија, но со поголеми килажи, а помалку репетиции. Справите што најчесто ги користам се смит машината, leg extension, hack squat и други.
Стефан нема некој стриктен режим на исхрана, само внимава да внесува доволно од сите потребни нутриенти.
Здравата исхрана и редовното вежбање се неговата комбинација што му гарантира одлично тонирано тело, но и многу енергија за сите обврски во денот. ⚡
Ја избрав Палестра како место за тренинг бидејќи сметам дека како вежбач ги задоволува сите мои потреби. Овде верувам дека ќе напредувам како атлет, но и како личност.
Dorian Yates, Chris Bumstead, Ronnie Coleman се луѓето што го инспирираат да го даде својот максимум на секој тренинг.
Ги охрабрувам вежбачите да бидат конзистентни во тренирањето, дури и кога не ги гледаат резултатите што ги посакуваат. Во тие моменти треба да бидат дисциплинирани и одлучни.🚀