Мартин Костовски е фитнес ентузијаст уште откако знае за себе.
Спортот и физичката активност се клучен дел од неговиот живот, а неговата рутина е одличен пример дека челичната дисциплина секогаш носи видливи резултати. 💪
Во текот на моето фитнес патување, секогаш имало подеми и падови. Но, она што е најпресудно за мојот карактер и резултатите што ги постигнувам, се дисциплината и континуитетот во вежбањето.
Неговата фитнес цел е да одржува здраво, обликувано тело и да го намали ризикот од повреди.
Играм фудбал, качувам планини, пешачам, планинарам, знам и по некоја трка да истрчам од 10 до 21 километар. Следната цел ми е да го искачам Mont Blanc и да бидам дел од предизвикот Half & Full Ironman.
Мартин вежба во Палестра уште од самото отворање на фитнес центарот. 🏋️
Во Палестра сум редовен вежбач веќе 3 години. Овде има супер услови за секој вежбач, одличен персонал и секако – локациски најмногу ми одговара.
Најчесто ќе го најдеш како ја користи справата treadmill.
Вежбам 5 пати неделно. Правам комбинации од тежински тренинзи со кардио интервали. Дополнително редовно пливам и се искачувам на врвот на Водно.
Неговиот режим на исхрана ги комплетира резултатите што ги има од вежбањето.
Мојата исхрана се состои од избалансирани оброци со фокус на растителни влакна, јаглехидрати и протеини. Во текот на денот имам 3 главни оброци и 2 ужини помеѓу нив. Пијам 3 до 4 литри вода на ден, а суплементи користам по потреба.
Mat Fraser, Дарио Ивановски, Ben Patrick се луѓето што го инспирираат да го даде својот максимум на секој тренинг. ✨
Тренирајте за да бидете силни, здрави и функционални. Вчера поминало, не чекај утре да дојде – започни со тренинг уште денеска!