Се погледнува во огледало и се прашува самиот себе: „Дали сакаш ова што го имаш да го изгубиш? Или сакаш да изгледаш уште подобро? Изборот е твој!” 🤔
Ова е начинот со кој што Ферчо Акрапович се мотивира секој ден да го даде својот максимум при тренинг. И засега одлично му функционира оваа стратегија.
Како дете, растев тенок и висок. Токму тоа најмногу ме мотивираше да почнам. Сакав да качам килограми, да се развијам. Буквално сакав секое залаче да оди на правото место во телото, а не да се дебелеам. Целта ми беше да станам фит, да ги оформам градите, рамениците, грбот и нозете. Имав пријател кој почна да ме носи со него по теретани уште кога бев 16 години. Па така се пронајдов во фитнесот и не престанав од тогаш.
Единствен предизвик со којшто Ферчо се соочил по патот било тоа што бил малолетен за да влезе во теретана, па морало постојано да вежба под надзор на повозрасно лице. 🏋️
По децениското искуство со фитнес центри, денес тој ни е редовен вежбач во Палестра уште од самото отворање на фитнес студиото.
Најчесто ќе го најдеш како вежба на бенчот, лат машината и squat за чучњеви.
Вежбам 5 до 6 дена во неделата. Недела ми е ден за одмор. Тренинзите си ги распоредувам со тоа што еден ден вежбам гради, друг ден грб, па раце, нозе, еден ден правам пауза и одново почнувам со тренинзи.
Том Круз е неговата фитнес инспирација бидејќи на 60 години прави нешто што луѓе на 20 години не можат да го прават. 🦸
Неговата фитнес цел е да биде фит до крајот на животот, да има солидна фигура за секое парче облека да му изгледа добро и секако – телото одлично да го служи до крајот на животот.
Кога за прв пат влегов во Палестра, видов колку беа љубезни тренерите. Ми текнува дека прв го запознав Бојан Живкович кој ми остави одличен впечаток бидејќи ми ги објасни справите, позициите, правилата. Ова е дефинитивно единствена теретана каде што има сѐ, дури и повеќе одошто треба како на пример In Body машина што ја нема низ другите теретани. Мене лично многу ми значат и 1000м квадратни простор за вежбање и висок плафон.
Одличните резултати од вежбањето ги комплетира со здрава храна, а целосно го има исфрлено благото од својата исхрана. Сепак, барем еднаш неделно си дозволува по еден cheat meal – сендвич/бургер.
✅ Не очекувајте промена без одлука!
✅ Без дисциплина и конзистентност нема резултати.
✅Рим не е изграден во еден ден – со 1 ден вежбање не можете да очекувате промена!