fbpx

Палестра Инспирација: Емилија Костовска

Емилија-Костовска

За Емилија Костовска, дисциплината е мајка на сите резултати. Само луѓето што се дисциплинирани, ќе ги постигнат посакуваните резултати во сите животни полиња, вклучувајќи го и фитнесот. 💯

Откако знае за себе, Емилија е физички активна. Како мала вежбала карате, но поради повреда, морала да бара алтернативи за да остане активна. 

Цел живот сум спортист. Како мала сум вежбала карате, но поради истегнување на лигамент на коленото, морав да престанам. Некое време не смеев ништо да тренирам, па после тоа почнав и со работа. Бидејќи работата ми е претежно стоечка, почна грбот да ме боли од стоење на нозе. Морав да почнам повторно да вежбам. Маж ми беше тој што ме убеди да продолжам со тренинзи после 4-5 години неактивност. 

Таа вели дека единствен предизвик ѝ е да се убеди себе да стане од креветот. Но, штом излезе од дома и тргне накај Палестра, сѐ е многу полесно. 🤸‍♀️

Не го гледам спортувањето како нешто за коешто треба да имаш мотивација. Напротив, треба да имаш дисциплина. Единствен предизвик ми е да станам од кревет наутро за да дојдам на вежбање околу 7.30 – 8 часот. 

Емилија-Костовска

Нејзината фитнес цел е да е здрава, витална и да не ја боли грбот од стоење поради својата професија. 

Вежбам со фитнес тренерот Симон Антич. Тренинзите ми се понеделник, среда и петок. Три пати неделно тренинзите ми се хибридни. Една недела имам тежински тренинзи, друга недела мобилити тренинзи, а секој петок ми се high intensity. Кога сум многу уморна, тогаш правам само кардио.

Во Палестра активно вежба година и половина, а најчесто ќе ја најдеш на лат машината и Squat Rack. 🏋️

Вежбам во Палестра бидејќи овој фитнес центар е најопремен. Дури доаѓам од другиот дел на градот за да тренирам овде. Маж ми започна да вежба тука бидејќи мораше да се опорави после повреда, па му требаше партнер за вежбање. Така се приклучив и јас.

Емилија-Костовска

До крајот на 2024та година, Емилија ќе даде сѐ од себе за да качи уште некој килограм, ама на здрав начин.

Немам посебен режим на исхрана. Се трудам да качам килограми, бидејќи генетиката ми е таква да сум слаба. Сепак, со редовно вежбање, за година ипол имам качено 7 килограми. 

✅ Хидратација е многу важна при вежбање, затоа редовно пиј вода.

✅ Многу е важно доволно да спиеш. 

✅ Дисциплината е мајка на сите резултати. Биди дисциплиниран/а и ќе постигнеш сѐ што сакаш!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *