За Елипида Ангеловска, во средно училиште, мотивацијата за да вежба ѝ била да биде згодна, но денес вежба за здравје и витално тело. 🤩
Почнав со вежбање уште во средношколските денови. Мојата фитнес цел е покрај подобрено психофизичко здравје, да ги наполнам мускулите за во подоцнежните години телото совршено да ме служи.
А во деновите кога нема мотивација за вежбање, еве како се справува:
Дури и да направам 2% тренинг, гледам да се појавам и да извежбам, колку и да немам желба за тренинг тој ден. Ако не се појавам во сала, знам дека ќе ми биде уште потешко.
Веќе 2 години, Елпида ни е редовен вежбач во Палестра.
Колку и да е гужва, во Палестра секогаш има место за вежбање за сите вежбачи. Има врвна хигиена и услуга. И секако – локациски најмногу ми одговара.
Најчесто ќе ја најдеш како ги “окупира” справите за нозе. 🏋️
Вежбам 3 до 4 пати неделно. Два пати во неделата се тренинзи за горен дел на тело, 2 пати за долен дел со посебен фокус на нозете. Кога не сум во сала, обично или трчам или планинарам, покрај тоа што секој ден возам велосипед.
Таа се фокусира да консумира здрава и домашна храна, но сѐ уште мака мачи со благото.
Вежбам за да сум фит, да бидам во добра кондиција, да бидам спремна и активна и за други спортови. Често имам повреди, па ако не вежбам ќе биде уште полошо.
✅ Бидете конзистентни во вежбањето.
✅ Секогаш слушајте си го телото.
✅ Со упорност и дисциплина сѐ може да се постигне!