fbpx

Палестра Инспирација – Ангела Јовевска

Ангела Јовевска

Веќе 11 години, Ангела Јовевска вежба без прекини. Дури и во деновите кога нема мотивација, ја одржува предизвикот да остане доследна. Таа смета дека вежбањето е клучот за нашето здравје, а здравјето е одговорност на самите нас. 💯

Почнав да вежбам од мојата 19та година зошто знаев дека тоа е добро за здравјето.  Бев мотивирана и од личности кои подолго време беа во тој свет и ми се допаѓаа како изгледаат. Ништо повеќе и не знаев на тие години и во тоа време.

Денес, нејзината фитнес цел е да си го одржува здравјето, телото и духот. Како гратис доаѓа убавата енергија по добро завршениот тренинг.

Ангела Јовевска

Мојата фитнес рутина се состои од тежински тренинг 5 пати во неделата (2 пати долен дел и 3 пати горен дел) и 3 до 4 кардио тренинзи неделно. На почеток на моето фитнес патување, повеќе го вежбав она што јас го сакам и она што мене ми одговараше. На пример, тренингот за нозе ми беше најголем предизвик како најтешка мускулна партија, па постојано бркав нови рекорди.🙈 Но, со годините и со искуството (кога телото ќе почне да одговара на задачите што си му ги задал) веќе знаеш како правилно треба да “работиш” за да изгледаш складно.

Во Палестра вежба скоро 2 месеци, а главната причина за да промени фитнес студио биле потрагата по нова средина и нова енергија.

Може да се каже дека справи скоро и да не користам. Тренинзите најчесто ми се составени од основни вежби што опфаќаат повеќе мускулни партии и вежби со сопствена тежина. Од машини, најчесто ги користам: веслање, лат машината за грб и крос машината со сајли.

Ангела Јовевска

Покрај дисциплина во вежбањето, Ангела навистина внимава и на својот режим на исхрана. 

Таа се храни со различно приготвени оброци од основните 3 макронутриенти (протеини, хидрати и масти – месо, јајца, риба, ориз, корнфлекс, јатки), многу салати, витамини и минерали.

Би сакала да продолжам да инспирирам што повеќе луѓе да почнат да вежбаат и да ги мотивирам да продолжат оние кои веќе почнале, бидејќи на секого од нас му е потребна физичка активност! 🤸‍♀️

✅ Дисциплина пред мотивација.

✅ Вежбајте паметно, а не напорно.

✅ Почнете што побрзо, бидејќи некогаш ќе морате.

Ангела Јовевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *