fbpx

Палестра Инспирација – Ерна Хасанбегович

За Ерна Хасанбегович, физичката спремност е една од најдобрите одлики на една личност. Таа никогаш не се задоволувала со ништо помалку од тоа. 🫡

Уште како мала е љубител на физичката активност, а во комбинација со натпреварувачкиот дух што го има, таа секојдневно се предизвикува себеси во теретана и надвор од неа. 

Се соочував со многу предизвици да го воведам вежбањето како дел од мојата рутина, како на пример да ги организирам обврските во текот на денот и да најдам време за тренинг. Но, со силна волја и тоа се постигнува. Денес, можам да кажам дека без прекини вежбам 2ипол години. Периодот пред тоа, се сведува на повремено тренирање во теретана или во домашни услови.

Нејзиното момче ѝ е најголемата мотивација за тренингот и здравата исхрана да станат и нејзин начин на живот. 🙌

Моето момче со своите совети, мотивирачки дух, заедничките тренинзи и готвењето здрави оброци, ме натера да се заљубам во здравиот и активен начин на живот.

Нејзините фитнес цели се постепено да напредува во тежинските тренинзи, да си ја зголеми мускулната маса и да го намали процентот на масти во телото.

Кога немам мотивација за вежбање, пробувам да останам дисциплинирана. Како мотивација го користам присетувањето на моите фитнес цели и замисли за мојот изглед. Знаејќи дека тоа нема да го постигнам со неактивност, се подготвувам за тренинг и тргнувам кон сала.

Ерна Хасанбегович

А еве како изгледа нејзиниот режим на исхрана: ⬇️

Мојот ден наутро почнува со хидратација на организмот, пијам доволно вода, понекогаш и електролити. Доручекот изгледа вака: омлет, пилешки гради, нискомаслен крем-сир и кисело млеко. Во остатокот од денот, најчесто јадам некој вид месо со ориз или компири во разни варијации за да не ми стане монотоно. Во текот на летниот период, вечерата најчесто се содржи од парче месо и салата. Помеѓу оброците јадам овошје и понекогаш си дозволувам јаткасти плодови. Во главно, гледам да внесувам хранливи состојки и секој оброк да е богат со протеини. Се трудам да се придржувам до овој план барем 80%.

Во Палестра најчесто ќе ја најдеш на справите Hip Thrust, Leg Extension Smith машината. 

Мислам дека како и секое девојче, најмногу ги сакаме вежбите за долен дел на телото. Мои фаворити се  Hip Thrust справата и Smith машината затоа што дозволува изведување на многу вежби, Leg Extension справата, а користам и доста слободни тежини.

Ерна Хасанбегович

А ова е нејзината фитнес рутина:

Многу ми е важно да имам квалитетен сон за да соберам енергија за наредниот ден. Вежбам 4-5 пати во неделата, 2 пати тренинзи за долен ден, еден со повеќе фокус на нозете вклучувајќи и вежби за задник, другиот со повеќе фокус на задникот, вклучувајќи и вежби за нозе. Останатите 2 тренинзи ми се за горен дел на телото. Едниот тренинг вежбам грб и бицепс, другиот рамо, раце и гради. 5от тренинг во неделата е за кардио и стомачни, што исто така ги вметнувам и во денот кога вежбам горен дел, доколку имам повеќе енергија и време.

Ерна е наша редовна вежбачка веќе 2 години. Таа вели дека добрата локација во непосредна близина на нејзиното работно место, поволните услови за членство и одличните коментари биле првите причини Палестра да биде нејзин избор за фитнес студио. 🏋️

Откако почнав да вежбам овде, сфатив дека не сум згрешила. Во Палестра владее многу пријатна атмосфера помеѓу вежбачите, персоналот е многу пријатен, теретаната е многу добро опремена и има голема површина поради која никогаш не се чувствува гужвата. Хигиената е на високо ниво, што е навистина за пофалба.

Ерна Хасанбегович

Ерна ја црпи својата инспирација од сопствените достигнувања и бенефитите што физичката спремност ги носи. 

Ме инспирираат сите луѓе кои покрај бројните обврски наоѓаат време за тренинг и работат на свое самоусовршување. Инспирација ми се и фитнес инфлуенсери како Jenna Deleon, Rachel Dillon и Krissy Cela. Тоа се млади и успешни жени кои сериозно се грижат за своето тело.

✅ Бидете истрајни и уживајте во процесот. Имајте реални цели и не се споредувајте со другите.

✅ Физичката активност ги подобрува и менталното здравје и благосостојба, ја зголемува енергијата и помага да бидеме попродуктивни.

✅ Дисциплината е одлика на големите луѓе. Немојте да бидете од оние другите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *