Сања Сарафимова активно спортува уште откако знае за себе.
Како резултат на својата посветеност и дисциплина, таа наскоро ќе застане на бината на Арнолд Класик, натпревар во чест на Арнолд Шварценерер, каде ќе има шанса и лично да го запознае. 💪
Јас сум спортист откако знам за мене. Уште на 6-7 годишна возраст започнав професионално да тренирам карате. Добив многу награди, се борев за репрезентација, земав стипендии околу 9-10 годишна возраст. Со теретана започнав во 3-4та година средно, а од декември минатата година, почнав попрофесионало да навлегувам во светот бодибилдинг и фитнес. Ова ми е еден вид на предизвик за да се тестирам до каде можам со фитнесот.
Менаџирањето на работните часови со времето за тренинг, одмор и исхрана е најголемиот предизвик со којшто Сања се бори секојдневно.
Се трудам денот да си го планирам однапред во зависност од тоа која смена ќе бидам тој ден на работа. Ако сум од 8 на работа, гледам да вежбам наутро од 6 часот. На тој начин, ќе си завршам навреме со вежбање, па што и да ме чека во текот на денот, јас ќе си ја имам комплетирано обврската за вежбање во денот.
А во деновите кога нема мотивација за вежбање, еве како таа се справува: ⬇️
Си ја замислувам само крајната цел, крајниот исход од тоа што ќе биде ако вежбам. Ова ми е доволна мотивација за деновите кога немам желба да направам кардио или да извежбам. Се замислувам како сум на бина и тоа ми е доволен поттик за да станам од кревет и да дојдам да извежбам.
Фитнес целта што ја води е да застане на бината на светско првенство за бодибилдинг. А фитнес рутината што секојдневно ја носи поблиску до оваа цел е следнава:
Вежбам 6 пати во неделата од кои 1 тренинг е само кардио. 3 тренинга се за нозе, долен дел тело со фокус на задна ложа и задник и 2 тренинга за горен дел од телото. Практикувам old school вежбање. Скоро сите вежби ми се со еднорачни тегови, сајли за влечење или лат машина.
Сања е наш редовен вежбач скоро 4 месеци. 🏋️
Избрав да вежбам во Палестра најмногу заради хигиената, услугата и пространоста што ја има теретаната. Има доста справи што може да се користат за да пробаш нешто ново. Ми се допаѓа тоа што и кога е гужва, секој вежбач има место за вежбање и воопшто не смета на друг колку и да е полна теретаната.
Кога е во сала, таа избегнува споредба со другите вежбачи. Едноставно, се фокусира на самата себе со цел да го извлече најдоброто што може од себе.
Ефектите од вежбањето ги комбинирам со режим на исхрана. Се водам според мојата програма за исхрана што вклучува колку грама јаглехидрати, масти, протеини да внесувам, па според тоа си ги подготвувам оброците.
✅ Ставете приоритет на конзистентноста пред интензитетот.
✅ Имајте урамнотежена рутина на тренинг – тежински, кардио и тренинг за флексибилност.
✅ Бидете балансирани со исхраната, внесувајте доволно протеини, јаглехидрати, масти и добро поткрепете го тоа со суплементација и витамини.