Вања Карајковски ни е еден од најмладите, но и најпосветени вежбачи во Палестра. 💪
Тој е позитивен пример дека вежбањето е одличен начин за подобрување на физичкото и менталното здравје и кај тинејџерите.
Мојата мотивација за почнување со вежбање е комбинација од неколку фактри. Еден од најважните беше желбата за подобрување на моето физичко и ментално здравје. Гледајки го позитивното влијание што вежбањето го има врз енергијата, расположението и општата благосостојба кај многу луѓе, и самиот сакав да ја искусам оваа промена. Дополнително, овде беа и идејата за градење на дисциплина и постигнување на моите фитнес цели преку редовно вежбање.
Еден од предизвиците со коишто Вања се соочил на своето фитнес патување е да се охрабри да започне, а потоа и да се храни здраво.
Мојот најголем предизвик беше најпрвин да започнам со вежбањето. Друг предизвик беше да елиминирам брза храна, пица, благо и ред други работи што се штетни, а на сметка на тоа, да пијам повеќе вода и да јадам домашно зготвена храна.
А во деновите кога му недостига мотивација за вежбање, тој се потпира на рутината и својата челична дисциплина. ⚡
Иако мотивацијата може да биде променлива, дисциплината и навиката се тие што ме одржуваат во форма. Кога веќе ќе си создадам ритам, вежбањето станува дел од секојдневието, слично како и миењето заби наутро.
Неговата фитнес цел е да одржува солидно ниво на физичка кондиција и да се чувствува здраво и енергично во текот на целиот ден.
Вања се стреми и да развие баланс помеѓу сила и издржливост, што ќе му помогне да биде подготвен за различни физички активности и предизвици.
А ова е фитнес рутината што секојдневно го носи поблиску до постигнување на фитнес целите: ⬇️
Мојата фитнес рутина е прилично едноставна. Во понеделникот почнувам со Push (гради, трицепс, рамо), потоа вторник Pull (грб, бицепс), во среда се нозе, четврток (грб и гради), петок (раце и рамо), сабота (нозе) и недела се одмара. Секој ден имам кардио по 20 километри на велосипед или 5-6 километри трчање.
Во Палестра вежба интензивно повеќе од половина година. 🏋️
Избрав да вежбам во Палестра поради тоа што искрено ова е прекрасна теретана и има многу простор за вежбање. Иако понекогаш може да има гужва, тоа не се чувствува бидејќи просторот е добро испланиран. Справите се прилично нови, сочувани и чисти, персоналот е фин, професионален и никогаш немаат проблем да ти покажат како се ракува со било која справа. И луѓето што вежбаат овде секогаш се спремни да ти помогнат за било што кога станува збор за вежбање.
Најчесто ќе го сретнеш на справите Lat Pulldown, Preacher Curl, Кабли, Leg press, Hack Squat и Bench Press.
И мојот режим на исхрана е прилично едноставен. Се трудам сѐ што јадам и консумирам да има што повеќе протеини, а што помалку јаглехидрати. Во моментов правам чистење и пробувам да ја зголемам мускулната маса, но и да го намалам салото. Најчесто јадам туна, јајца, пилешко, компир и ориз.
Неговата фитнес инспирација и најголем поттик се гледањето на напредокот и резултатите што ги постигнува.
Моите цели за до крајот на оваа година се да се исчистам од маснотии, да го истрчам полумаратонот на 6ти октомври, да се зајакнам и да бидам најдобра верзија од себе што можам да ја достигнам до крајот на годинава. 🎯