fbpx

Палестра Инспирација – Марија Костовска

Марија-Костовска

На 16 години започнала да тренира кик бокс, бокс, теретана и пливање и до ден денес, нема застанато. Марија Костовска е вистински поборник на здравиот и активен начин на живот. 🏆

Мојот мотив е да им покажам на младите колку е важно да се хранат балансирано и да живеат здрав живот. Како наставник по етика и државен тренер за бокс за дечиња, верувам дека најдобро ова можам да им го покажам на децата преку личен пример.

Кога нема мотивација за вежбање или е многу уморна од сите обврски во денот, Марија вели дека ја инспирираат девојките што ги вежба аерокик. 

Нивната енергија и посветеност на часовите се мојот најголем поттик. Кога паѓам психички и емотивно и немам желба за тренинг, тие се тука за да ме кренат. Секогаш се трудам да бидам добар пример за младите.

Марија-Костовска

Поради здравствени проблеми, морала да паузира со тренинзи. Но, повторно се вратила со иста желба за вежбање и поголема мотивација од претходно. 

Таа смета дека не е е важно колку пати ќе паднеш, важно е секогаш да се исправиш, да станеш и да продолжиш. 💪

Нејзината фитнес цел е повторно да биде дел од Балканското првенство во бокс. А ова е рутината што секојдневно ја носи чекор поблиску до целта:

Станувам наутро и првото нешто што го правам е пијам чаша лен и чиа (не за слабеење, туку за подготовка на организмот за храната што ќе ја добие во текот на денот). Потоа, доаѓам во Палестра, вежбам час ипол или два, се туширам и продолжувам со денот. Навечер, доколку имам време, кога ќе ги завршам сите обврски, практикувам џогинг. Вежбам 5 пати неделно, по 2 тренинзи дневно (теретана и џогинг). 

Марија-Костовска

Боксерската легенда Роки е нејзината фитнес инспирација, а најчесто ќе ја сретнеш на вреќата за бокс и справите за кондиционен тренинг. 🥊

Избрав да вежбам во Палестра, затоа што овде хигиената е на високо ниво, а условите за вежбање се одлични. Просторно е, а кога ќе завршиш со тренинг можеш да се истушираш и да се средиш за на работа.

Нејзиниот режим на исхрана ги надополнува резултатите од вежбањето.

Избегнувам месо, поради тоа што енергетски не ми влијае добро. Протеинот го заменувам со јајца, леќа, грав. Обожавам салати, особено зелка, марула, спанаќ. Сакам многу и благо, но си го спремам сама за да биде здраво и без шеќер.

Марија-Костовска

✅ Ти си тоа што јадеш!

✅ Ти си тоа што пиеш!

✅ Ти си тоа што правиш!

До крајот на годината, сакам да им предизвикам многу среќни насмевки на моите вежбачи и ученици. Вистинскиот успех е кога ќе успееме да им го промениме животот на другите луѓе. Но најпрвин мора да започнеме со самите себе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *