Вежбањето за Ангела Јакимовска е начин на живот. И во периоди кога има многу други обврски, физичката активност секогаш ја става во топ приоритетите. 🙌
Отсекогаш се занимавав со некаква физичка активност. Сум тренирала ракомет, аеробик, јога итн. Најголем предизвик ми е да одржувам редовна рутина на вежбање во периоди кога постојано патувам, бидејќи некако немам навика да ги користам хотелските фитнес сали. Но, кога се враќам дома, си надоместувам за пропуштените тренинзи.
Нејзината примарна цел е одржува здрав начин на живот и да формира обликувано тело.
Периодов таа повеќе се фокусира да изгради мускули преку балансирана исхрана и прогресивно зголемување тежината за вежбање.
Кога немам мотивација за вежбање, обично не дебатирам многу сама со себе дали да вежбам или не. Без разлика како сум расположена во моментот, одам да вежбам, бидејќи знам дека секогаш после тренинг ќе се чувствувам супер. Токму тоа ме мотивира. 🚀
Ангела редовно вежба во Палестра веќе 2 години, а најчесто ќе ја најдеш на лентата за трчање и околу реквизитите kettlebell.
Мојата фитнес рутина многу зависи од тоа како сум расположена. Во принцип, тренингот ми трае околу еден час. Најчесто започнувам со трчање на лента, потоа истегнување и мускулни вежби. Во Палестра има сѐ што ми треба за добар тренинг со квалитетна опрема. Ми се допаѓа атмосферата, вработените и можноста за вежбање на отворено кога времето е убаво надвор.
Ангела не може да го замисли денот без салата. Обожава и морска храна, а избегнува да пие газирани пијалаци и да јаде брза храна. Вели дека најубаво се чувствува кога ќе си подготви здрав оброк.
Денес по социјалните мрежи може да се изнаслушаме еден куп совети за вежбање. Она што за еден функционира, не е секогаш најдобрата идеја за друг. Затоа, слушај си го телото. Тоа најдобро знаеш што е добро за тебе. Важно е само да не се откажуваш и да се забавуваш во процесот.🤸♀️