Ако ти треба дополнителна мотивација за да почнеш вежбаш, тогаш, најди си друштво за тренинг. Вежбањето со партнер и меѓусебната поддршка е токму она што ја охрабрило Кристина Тоневска да биде дисциплиниран вежбач и да ги искуси сите придобивки од вежбањето на своја кожа. 🙌
Благодарна сум за неизмерната поддршка на мојата најдобра другарка Тамара Трајкова, која тргна на овој трансформациски пат заедно со мене и без која немаше ова да биде реализирано. Заедно се справувавме со предизвиците што ни донесоа успеси во процесот, поттикнувајќи се една со друга да вложуваме во здравиот начин на живот.
Нејзината фитнес цел е да изгради мускули, додека го намалува процентот на масти во телото.
Периодов сум фокусирана на зголемување на мускулна маса, одржување на процентот на масти и секако најбитно од сѐ – да се чувствувам убаво и беспрекорно во сопственото тело. За да го постигнам ова, воспоставив дисциплинирана рутина што започнува со утрински ритуал со млака вода, лимон и мед, проследен со хранливи оброци во текот на денот.
Таа вели дека предизвици на нејзиното фитнес патување отсекогаш имало и ќе има. Но, желбата, упорноста и дисциплината кон вложувањето во себе се непобедливи. А и поддршката од личен тренер е секогаш добредојдена. 💯
Посветеноста на мојата фитнес рутина беше непоколеблива, во голема мера благодарение на водството и мотивацијата дадена од мојот тренер – Валентин Димитриоски. Неговото охрабрување беше постојан извор на инспирација, ме туркаше да ги надминам сите изговори и да останам фокусирана на моите цели. Тино беше клучен и во изработката нa план за исхрана прилагоден на моите специфични потреби и цели. Првично насочен кон намалување на телесните масти, планот еволуираше за да се оптимизира исхраната за зголемување на мускулите, а истовремено и да се одржува избалансиран процент на масти. Премногу сум му благодарна, бидејќи секогаш несебично се посветува на клиентот, се вложува максимално, премногу е трпелив и целото негово знаење го пренесува без никакви бариери.
Во Палестра вежба веќе 2 години, а најчесто ќе ја најдеш на аbductor, smith, hack squad и hip thrust машините.🏋️
Мојот избор на теретана беше под влијание на препораката на еден пријател и ми ги надмина очекувањата. Акцентот на чистотата, помошниот персонал и висококвалитетната опрема ја прават Палестра совршено место за постигнување на нашите фитнес цели. Од сѐ срце ги поттикнувам сите што бараат каде да ја започнат нивната фитнес авантура да ја изберат токму Палестра.
✅ Истрајноста е клучна! Држете се до редовна рутина за вежбање за да видите долгорочни резултати.
✅ Пробајте да вклучите разновидност во вашите тренинзи за да ги задржите работите интересни. Најдете нешто што ве возбудува и мотивира за да продолжите да туркате напред.
✅ Слушајте го вашето тело. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате за време и по вежбањето и соодветно приспособете го интензитетот или активностите.
За да бидате инспирирани да го започнете своето фитнес патување, пронајдете што ве мотивира. Дали е тоа постигнување лични цели? Гледање напредок? Или едноставно – да се чувствувате поздраво и посреќно во целина?