fbpx

Палестра Инспирација – Софија Стојаноска

Софија-Стојаноска

Резултати нема да добиеш преку ноќ. Мора да си истраен, дисциплиниран и многу фокусиран. Ова е мотото што ја води Софија Стојаноска неуморно да вложува во своето физичко и ментално здравје. 🚀

Ме мотивира самата помисла дека успехот доаѓа преку пот и труд. Овие резултати ми се како водич за подобро утре и ме носат чекор по чекор кон посакуваната цел. Ова е циклус што нема крај. Со секој постигнат успех, целам кон уште поголеми резултати и надградување што ме води кон континуиран раст и развој на телото и духот, како физички така и ментално. Покрај желбата за здраво тело и здрав дух, изгледот е уште една награда за вложениот труд и пот што придонесува да бидам мотивирана да изгледам уште подобро од претходно.

Нејзината фитнес цел е да остане конзистентна во поставување на своите цели и да се стреми да ги оствари, без разлика на сите препреки што ќе ги има по патот.

За да ја остварам својата фитнес цел, си поставувам, дневни, неделни, месечни и годишни фитнес цели и да се потрудам да ги исполнам. Се стремам да бидам конзистентна и дисциплинирана за да си ги остварам моите замислени цели и да го претворам невозможното во возможно. Цврсто верувам дека животот е креација на нашите мисли. Сѐ што можеш да замислиш можеш и да оствариш – секако со голема желба и упорност.  💪

Нејзината фитнес рутина во голема мера зависи од нејзините смени на работа. Но, кога може да избира, тоа секогаш би бил утрински тренинг за да тргне денот.

Иако ги користи сите справи во Палестра, сепак најчесто ќе ја најдеш како вежба нозе или грб.

Одлучив да вежбам во Палестра затоа што хигиената е на највисоко ниво. Тренерите се секогаш тука за тебе да ти помогнат и покажат како правилно се изведува некоја вежба за да постигнеш оптимални резултати. Овде ќе најдеш фитнес тренери што се максимално фокусирани на клиентите. Па, доколку некој бара личен тренер, сите нив би ги препорачала. 

Софија-Стојаноска

А во деновите кога нема мотивација, Софија само се потсетува на овој цитат:  Шампион е оној кој станува кога не може! 🏆

Веќе 5 години се хранам исклучиво со здрава, безглутенска храна. Прв фокус за да се извлече максимум од својот тренинг е здравиот режим. Ова резултира со големи придобивки за здравјето, како внатрешно, така и надворешно.

✅ Верувај во себе и секогаш прво да слушај се себеси. Само ти знаеш што е најдобро за тебе. 

✅ Секој поединец има уникатно фитнес патување, затоа биди горд/а на својот напредок.

✅ Стреми се да бидеш подобар/а со секој нареден чекор. Good, better, best. Never let it rest. Until your good is better and your better is best.

Мојот следен фитнес предизвик е да се насочам кон постигнување на уште поголеми резултати. Сакам да се надминам себеси со тоа што ќе вежбам со персонален тренер за да дојдам до посакуваната цел и да се надоградам со нови знаења и нови вежби. Верувам дека колку повеќе знаење имаш, толку повеќе сфаќаш дека учиш додека си жив. Со секое знаење и самодовербата расте, па само тогаш успехот е загарантиран во секое животно поле! 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *