fbpx

Палестра Инспирација – Соња Стефановска

За Соња Стефановска, вежбањето е почит кон себе бидејќи поставувањето на вежбањето за приоритет е поставување на своето здравје за приоритет. 🙌 Сите живееме во прединамично време со најразлични обврски, и прашање е како ќе ги организираме и на што ќе дадеме приоритет.

Откога знае за себе, Соња спортува. По подолга пауза, од пред 5 години, таа повторно се вратила на својата фитнес рутина без која што денес не може ни да си го замисли денот.

Најголем предизвик ми беше да си ја вратам дисциплината за вежбање по период на пауза. Мотивацијата секогаш беше тука. Toa беше и причината зошто првично започнав да вежбам со тренер. На тој начин, одново си ја градев дисциплината за самостојно вежбање. Денес не можам да замислам утрото да ми започне без тренинг.   

Соња веќе година дена ни е еден од најредовните вежбачи во Палестра. Најчесто ќе ја најдеш како вежба на смит, пресите и лат машината, теговите, но тежинскиот тренинг сака да го комбинира и со кардио.

Како и на сѐ во животот, и на вежбањето му пристапувам со посветеност за да успеам во она што сум го зацртала. Вежбам пред се за одржување на кондицијата, но исто така вежбањето ми помага полесно да се носам со мојата одговорна работа. Затоа и тренингот е во 6:30, по што сум полна со енергија но и една умствена релаксираност. Ништо не може да ме изнервира до пладне 😊

А еве како изгледа нејзината фитнес рутина: ⬇️

Вежбам 4 – 5 пати неделно во теретана а еден ден од викендот е резервиран за Водно. Фокусот е на нозе а остатокот е комбинација од вежби за грб, рамо и раце.

Со оглед на динамиката на работа, не секогаш успева да внимава на исхраната, меѓутоа, нејзините оброци се секогаш здрави. Таа смета дека нејзиниот најголем проблем е тоа што прескокнува оброци.

Сметам дека Палестра е една од најдобрите теретани во градот. Особено ми е важно што можам да дојдам пред работа. Чисто е, има доволно справи (барем наутро 😊), персоналот е многу љубезен, заедно со мојот тренер Антонио што ми е голема поддршка во целиот процес.  

Во 2025та, Соња ќе се стреми да биде дисциплинирана и во поглед на исхраната и повеќе сон, почесто да поминува време надвор, и тежинските тренинзи да ѝ станат понапорни.

✅ Сите имаме обврски, меѓутоа, здравјето треба да биде на прво место!

✅ Звучи како клише, но дисциплината е клучна!

✅ Натпреварувајте се со себе но уживајте во процесот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *