Да го даде својот максимумот што може да го извлече од телото и умот со своите предиспозиции. Ова е мотивацијата што го води Ристе Јанев секој ден да се стреми кон својата најсилна верзија. 💪
Од 10 години сум во спортот. Се занимавав полупрофесионално со кошарка 3 години. Денес сум персонален фитнес тренер со лиценца веќе 8 месеци. Држам тренинзи во живо и онлајн и веќе имам голем број на задоволни клиенти што вежбале со мене.
Паузите од вежбање што мора да ги прави поради повреда се неговиот најголем предизвик. Сепак, Ристе вели дека по паузите, се враќа со многу повеќе мотивација да надомести за пропуштените тренинзи.
Не ми се случува да немам мотивација за вежбање. Тоа не постои за мене. Само дисциплината и посветеноста ќе ти ги донесат резултатите што ги посакуваш!
Ќе го најдеш во теретана најмалку 4 пати неделно. Најчесто ги користи справите за Dumbbell Incline Press, Pec Deck, Barbell Rows и Barbell Squat. 🏋️
Го живеам ова што го работам. Затоа и ми е толку важно да водам според пример. Целта ми е фитнесот да ми стане full-time професија, да го подигнам нивото на квалитет на моите тренинзи, на креирање контент околу фитнесот и кревање на свеста.
Секогаш кога доаѓа во Скопје, Палестра е неговиот избор за наплив на енергија во најсовремени услови.
Често доаѓам во Скопје, па сакав да пробам како е да се вежба во најдобриот фитнес центар во градот. Овде дефинитивно ги има најдобрите услови за тренинг. Колку и да имам обврски, секогаш ќе најдам барем час, два за вакво добро вежбање.
Chris Bumstead и Sam Sulek се неговите фитнес херои од кои што црпи практични совети за тренинг и инспирација.
✅ Само дисциплината ќе те донесе поблиску до твојата фитнес цел. Нема откажување!
✅ Доколку сметаш дека не можеш сам/а, овде се фитнес тренерите што ќе ти помгонат да стигнеш до твојата фитнес цел многу поефективно.