fbpx

Палестра Инспирација – Матеј Марковски

Матеј-Марковски

Изгледот, силата и чувството после тренинг, му ја даваат потребната мотивација на Матеј Марковски да биде еден од нашите најредовни вежбачи.💪

Предизвиците околу вежбањето се постојано тука, исто како и во другите области во секојдневниот живот. Тоа може да биде поврзано со исхраната, со умор, со мрза да се појавиме на тренинг, недоволно знаење како се вежба и страв да не бидеме осудувани од другите вежбачи. Овие работи секој ги поминува. Но, убавите работи се на крајот на стравот, само треба да почнеме!

Матеј започнал да вежба во Палестра во 2022 година, а по кратка пауза повторно се вратил со обновена енергија и ентузијазам. 

Матеј-Марковски

Најчесто ќе го најдеш на бенч клупата, lat-pull down и како прави згибови и чучњеви. 🏋

Вежбам во Палестра веќе 2 години поради убавиот амбиент и одличната атмосфера.  Во оваа теретана, сметам дека има навистина простор за раст како физички, така и ментално.

Матеј вели дека мотивацијата некогаш му е присутна, но некогаш и не е. Дисциплината е тоа што го држи да биде фокусиран и константен во неговата потрага по успехот.

Затоа, тој секогаш повеќе се фокусира да ја подобри дисциплината, отколку да се потпре исклучиво на мотивацијата. 

Мојата фитнес цел е да бидам најдобрата верзија од себе, да сум подобар од вчерашниот јас. А по пат, би сакал да инспирам и да им помогнам на што повеќе луѓe кои сакаат да си го сменат и подобрат животот. Токму мојата главна цел за 2025 година е да станам уште подобар фитнес тренер. 💫

Матеј-Марковски

Своето тело го третира како храм, внимавајќи како се храни и колку често вежба.

Тренирам 5 до 6 пати неделно, секојдневно се изложувам на сонце и правам чекори. Консумирам висока протеинска храна со висок внес на хидрати за оптимална енергија без падови. Не сум некој што ги избегнува хидратите, тие ми се најдобри пријатели.

✅Не си ставај премногу притисок и очекувања од самиот почеток. Многу од нас очекуваат да знаат сѐ и да бидат “спремни” за патот што ги чека, но ова само ќе ни направи ментална блокада. Само почни, биди трпелив/а и сѐ ќе си дојде.

✅ Не може да се оформи тело преку ноќ. Треба да воведеш сосема нови рутини и навики. Биди константен/а и упорен/а.

✅ Исхрана е многу важна, но ретко кој внимава на неа. Убаво е да се вежба интензивно, но ако сакаме да стигнеме до следното ниво и да сме една нијанса подобри, мора да се внимава и на исхраната.

✅Работи со тренер. Тренерот е тука да ти олесни со броење на калории, што и како да се вежба, каква рутина да следи, колку калории и макроси, итн. Тренерот ќе ти понуди психичка и физичка поддршка, во комбинација со солиден темел на знаење што ќе го имаш на располагање за максимални резултати.

Матеј-Марковски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *