fbpx

Палестра Инспирација – Матеј Костовски

матеј-костовски

Секој ден немаш мотивација да вежбаш, но кога ќе стигнеш во теретана, мотивацијата си доаѓа сама од себе. Тоа најдобро го знае Матеј Костовски, еден од најдисциплинираните вежбачи во Палестра. 👌

Мајка ми уште како мал ме запиша на гимнастика што ја практикував некое време. Во периодот до средно училиште играв тенис, фудбал и кошарка. Потоа, почнав да се занимавам со моделинг, па така влегов во теретана за да си ја одржувам формата и да изгледам подобро. 

Неговиот брз метаболизам му предизвикал многу потешкотии да качи килажа, па морал да компензира со повеќе јадење.

матеј-костовски

Многу ми беше важно да научам како правилно да вежбам. Но, имав голема среќа и сум ѝ многу благодарен на Ангела што ми ги покажа основите на вежбањето во теретана и ме воведе во фитнес индустријата. 🙏

Во Палестра вежба скоро година дена. Не е голем љубител на справи, затоа повеќе вежба со тегови и со шипки.

Вежбам 6 пати недлено. Моите тренинзи се составени од комбинацијата Push-Pull-Legs и тоа го повторувам 2 пати во неделата.

матеј-костовски

Неговата цел за 2025та година е да качи 10 килограми и да се тестира себеси до каде може да стигне, вадејќи го максимумот од неговото тело.

✅ Јади многу високо протеинска исхрана.

✅ Биди конзистентен во вежбањето!

✅ Држи го телото исправено (додека вежбаш).

матеј-костовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *