fbpx

Палестра Инспирација: Зафир Бишковски

zafir-bishkovski

Кога нема мотивација за вежбање, на Зафир Бишковски му е најважно да се појави на тренинг. Тоа го смета за доволна победа, бидејќи со самото стапнување во теретана, мотивацијата ќе си дојде сама по себе. 🏆

Со вежбање имам започнато во моите тинејџерски години. Нормално, како и секој тинејџер, пресудна точка беше изгледот. Во текот на годините и созревањето, вежбањето ми премина во секојдневна здрава навика за подобрување на своето психофизичко здравје.

До ден денес, најголем предизвик му е наоѓање на време за вежбање во текот на работниот ден.

Мојата фитнес рутина се состои од 5 тежински тренинзи и најмалку 3 кардио тренинзи во текот на една работна недела. Фитнес целта ми е одржување на здрави навики и секојдневна физичка активност.

zafir-bishkovski

Во Палестра вежба скоро 5 месеци. Најчесто ќе го најдеш на следниве справи: Incline chest press, Shoulder press machine, Cable machine, Leg press и Pull up bars.

Во Палестра избрав да вежбам, пред сè, поради тоа што се флексибилни, професионални и нудат безброј можности за своите членови. Просторот со кој располага теретаната е огромен и одлично опремен. Секојдневната атмосфера е супер, персоналот секогаш љубезен и подготвен да ти пружи помош за што и да ти е потребно.

Неговиот режим на исхрана најчесто се состои од 3 оброци во кои балансира сооднос на протеини, јаглехидрати и масти во зависност од тоа во која фаза се наоѓа, дали се стреми кон зголемување на мускулната маса или намалување на телесни масти, секако, во координација со планот за тренинг.

Целите за 2025 година ми се да ја постигнам константноста во вежбање што ја имав оваа година и да не го изгубам фокусот од планот за исхрана и тренинг. Знам дека ако овие 2 ставки ги исполнам, тогаш прогресот ќе биде неизбежен.

zafir-bishkovski

✅ Биди константен/а. Доајѓај на тренинг и кога немаш грам мотивација. Истата ќе дојде при самото влегување во теретаната.

✅ Секогаш имај балансиран план за исхрана и план за тренинг, со цел полесно следење на својот прогрес.

✅ Добар сон и одмор е исто толку важно колку и здрава исхрана со добар тренинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *