
Марко Милошевиќ ја избрал Палестра како место каде што ќе може да работи на себе како физички, така и психички. 🙌
Тој смета дека секое машко за да стане маж, мора да практикува некаква физичка активност, што секако, не мора да биде тоа фитнес.
Но, тој уште од своите тинејџерски години ја избрал оваа дисциплина и денес ни е пример за посветен, млад дечко и инспирација за сите студенти.
Еден мал предизвик со кој што се соочувам моментално е како да го вметнам вежбањето додека студирам на Медицински факултет што бара многу учење и физичко присуство. Но, и покрај сите обврски и испити, секогаш наоѓам време барем 3 пати неделно да вежбам.

Еве како Марко се справува кога нема мотивација за вежбање: ⤵️
Мотивација имав првите 3 до 6 месеци додека да стекнам дисциплина. Но денес, дури и демотивиран да сум, ќе се појавам во сала и ќе направам тренинг. Дали имаш мотивација или не, тоа не е пресудно за да си направиш добар тренинг.
Порано неговата фитнес цел била да стане професионален билдер како неговиот идол Арнолд Шварценегер. Но денес, неговата ултимативна цел е да напредува во вежбањето и да крева поголеми колажи без да се повреди потешко.
Вежбам 3 пати неделно. А кога немам обврски со факултетот или испитна сесија, знам да вежбам и по 6 пати неделно.

Најчесто ќе го најдеш како вежба на Chess press и Lat pulldown. 🏋️♂️
Вежбам во Палестра веќе неколку месеци, затоа што овде ги има сите справи што ми се потребни за да направам квалитетен тренинг.
✅Мотивацијата не треба да ти биде пресудна дали ќе вежбаш или не.
✅Занемари го туѓото мислење околу тоа како треба да вежбаш или да изгледаш.
✅Никогаш не се откажувај од твојата фитнес цел.
Во 2025та година, Марко има за цел да крене многу поголеми килажи и да си најде соодветен режим на исхрана за врвни резултати.