
Ѓорѓи Тасев е наш редовен вежбач уште од првиот ден кога се отвори Палестра. Веќе 3 години, тој се стреми да си го одржува своето тело во врвна форма и одлично му оди! 🏆
Најголемата причина поради која што започнав да вежбам беа проблемите што ги имав со грбот, односно искривување на кичмата. Имам кифоза, сколиоза и лордоза и ако не вежбам, ќе бидам многу искривен. Доколку на свои 20ти години не сум почнал со тренинг, сега би имал многу големо искривување, затоа што теретот паѓа на ‘рбетот доколку мускулите не го држат.
Уште од првиот ден како започнал со вежбање, тој отсекогаш бил истраен. Единствен предизвик му било времето на Ковид пандемијата кога се затвориле сите фитнес центри, а тој немал навика да вежба од дома.
Ретко кога немам мотивација! Во деновите кога доаѓам во Палестра и имам помала мотивација, си наоѓам некоја песна на плејлиста што ќе ми го крене расположението и веднаш се впуштам во акција. 🎶

Неговата фитнес цел е одржување на своето здравје и зајакнување на мускулите за да не му падне теретот на ‘рбетниот столб.
А еве како изгледа неговата фитнес рутина:
Во Палестра тренирам 6 дена неделно. Секој ден ми е посветен на посебна мускулна група: гради, рамо, бицепс, трицепс, грб и нозе. Кога имам екстра време на располагање, пешачам, планинарам, возам ролерки, точак, итн.
Најчесто ќе го најдеш Ѓорѓи на траката за трчање.
Избрав да вежбам во Палестра затоа што теретаната е навистина пространа. Колку и да има вежбачи, никогаш не се чувствува гужва и загушливост. Дополнително, овде ги има и сите справи што ми требаат за добар тренинг.
Тој се труди храната да му биде зготвена од дома и да избегнува брза храна. Кога јаде надвор, најчесто избира салата или месо.

✅ Зацртај си своја фитнес цел што сакаш да ја постигнеш.
✅Доколку се чувствуваш изгубено на почетокот, најди си фитнес тренер кој ќе ти покаже од каде да започнеш.
✅ Не се откажувај доколку нема резултати. Биди упорен/а, зошто упорноста секогаш се исплати!
Во 2025та ќе се стремам да бидам уште подисциплиниран во вежбањето, да се придржувам кон режимот на исхрана и да го давам својот максимум на секој тренинг!