fbpx

Зошто се добри масажите пред и после тренинг?

После долг и напорен тренинг, на телото му е потребно време да закрепне, а има ли поубав начин да му помогнете на телото да заздрави од масажа? Масажите после вежбање помагаат при мускулниот замор и болката со намалување на воспалението и скратување на закрепнувањето со забрзано закрепнување на клетките. На тој начин, можете побрзо да го спремите телото за нареден тренинг. 

Главната придобивка од масажа после тренинг е зголемувањето на циркулацијата на крвта во мускулите што помага при обновување на ткивото. Со добрата циркулација на крвта, се прави побрз транспорт на хранливите материи до телесното ткиво, овозможувајќи да се обноват мускулите побрзо. 

Покрај тоа, масажата после вежбање обезбедува и предности како што се намалена напнатост, отстранување на токсините, зголемена мускулна сила и зголемено чувство на мир и релаксација. 

Што се случува со вашето тело после тренинг?

Да останеме активни и да ја одржуваме формата е од витално значење за нашето целокупно здравје и благосостојба, без разлика дали е мантално или физичко. Важно е да имате разбирање како функционира вашето тело после тренинг, и кои процеси се случуваат, а добрата вест е дека се е позитивно! 

Во моментот кога ќе завршите со тренинг, вашето тело го почнува процесот на опоравување и регенереација – хомеостаза. Кога вежбаме нашите мускли се под стрес и доживуваат микропоткинување на мускулните влакна. И, иако тие микропоткинувања доведуваат до раст на мускулите, тие треба правилно да заздрават за да не чувствувате болка. Почнува да се враќа балансот во телото, мускулите да се реформираат, крвните садови почнуваат да се враќаат во нормална големина, а крвта ги таргетира деловите од телото каде што е таа најмногу потребна. 

Масажа пред или после тренинг

Придобивките од масажите без разлика дали се пред или после тренинг, ги таргетираат точните зони на телото кои ви се најпотребни за да го спремите телото за тренинг или да ја олесните тензијата на мускулите после тренинг.

Масажа пред тренинг: масажите пред тренинг се најдобри за загревање и олабавување на затегнатите точки и јазли. Брза 30 минутна масажа, непосредно пред тренинг помага да се олабават затегнатите мускули, да се зголеми флексибилноста и да се намали ризикот од повреда пред да вежбате. Но, немојте да правите интензивни масажи, бидејќи е можно да се појави болка при тренингот, и ризикувате истегнување или повреда на мускулот. Исто така, масажата пред тренинг, или пред одредено спортување како спремање маратон, може психички да ве опушти и да ви овозможи поголема фокусираност. Плус, со ендорфините кои се испуштаат за време на масирањето, ќе ви направи да се осеќате многу по расположено. Најдобри масажи за пред тренинг се релакс масажа или масажи за истрегнување. 

Масажа после тренинг: масажите после тренинг се најдобри за спречување на болката и воспалени мускули после тренинг. Знаеме дека е битно телото да го истегнеме после тренинг, и да го оладиме правилно. Со тоа ги заштитуваме мускулите и се ограничува болката која што најверојатно ќе се појави за 12 до 24 часа по завршувањето на тренингот. Масажата после тренинг е најдобро да се направи 30 минути по завршувањето на тренингот. Најдобри масажи за после тренинг се спортската масажа, релакс масажа или масажа на целото тело.

Придобивки од масажа

  1. Го забрзува закрепнувањето на мускулите: Масажата после тренингот ќе помогне да се намалат повредите бидејќи го масира длабокото ткиво, ја подобрува вашата флексибилност и го намалува ризикот од повреди. На вашите мускули им е потребна добра циркулација со цел клетките да почнат да се обновуваат. Затоа, со зголемувањето на циркулацијата, повеќе крв е таргетирана во мускулите.
  1. Го намалува воспалението после вежбање:  Воспалението на мускулите се појавува после тренинг, и е предизвикано од оштетени ткива во телото кои предизвикуваат привремени отоци. Воспалението го намалува протокот на крв што им овозможува на вашите мускули да заздрават правилно. Со масажа после тренинг, протокот на крв во вашите мускули го подобрува и го намалува воспалението.
  1. Ја подобрува циркулацијата во крвта: Здравата циркулација не само што ќе помогне да се намали воспалението, туку ќе го подобри и вашето целокупно здравје. Подобрениот проток на крв помага да се зајакне вашиот имунитет, а со тоа се подобруваат и вашите тренинзи и се резултира со зголемена енергија.
  1. Ги намалува стресот и анксиозноста: Со масажата, го ставате вашето тело во режим на целосна релаксација, што е совршено за намалување на стресот, анксиозноста и подобрување на вашето расположение.Трите клучни хемикалии во вашиот мозок кои помагаат да се подобри вашето расположение, серотонин, норадреналин и допамин, значително се зголемуваат после тренинг и масажа.
  1. Брзо намалување на болката: По вежбањето, вашите мускули се напнати и воспалени, што резултира со болки. Добрата вест е дека само неколку минути масажа помага во ублажување на напнатоста и болката.

Додека повеќето луѓе мислат на масажата како задоволство кое си го пружате одвреме-навреме, релноста е дека тоа треба да биде дел од секојдневниот живот и треба да се масирате редовно, поготово ако тренирате со висок интензитет. Масажите се одличен начин за подобрување на циркулацијата, намалување на болката и заморот во мускулите, како и подобрување на целокупната мускулна функција и вашите перформанси.

Доколку размислувате која масажа е за вас, или имате повеќе прашања околу кои масажи се добри за пред а кои за после тренинг, ние сме секогаш тука да ви помогнеме. Предизвикајте се себеси и закажете ја вашата следна масажа во Palestra Fitness Center денес на 072 860 860.