палестра

ТИМ

Бојан Живковиќ

Она на што особено се радувам и целосно се насочувам е Skill X методот на тренинг што за прв пат ќе биде застапен кај нас. Истиот се заснова на вешт атлетски метод, избалансиран формат на тренинг, за кој научно е докажано дека ги зголемува физичките капацитети. Сите тренинзи ќе бидат дизајнирани да ја надополнат моќта, агилноста, брзината и издржливоста на моите клиенти. Постојано ќе бидам тука да ги потсетувам зошто почнаа со тренинзи и ќе ги мотивирам никогаш да не се откажат, а со мојата посветеност ќе им докажам дека вежбањето е од исклучителна важност за добро здравје и долг живот.

Специјалност:

Моторичко – функционална подготовка на спортисти и рекреативци
100%
Skill X
100%

Горан Филиповски

Тренингот за сила и кондиција е структуриран систем на вежбање кој има за цел да ја подобри физичката подготвеност, здравјето и отпорноста на повреди. Тој комбинира тренинг за сила, развој на експлозивност, издржливост, мобилност и опоравување во еден организиран пристап. Целта е да се изгради посилно, побрзо и поиздржливо тело кое ефикасно ќе одговори на спортските, работните и секојдневните барања.

Специјалност:

Strength & Conditioning
100%
Powerlifting
100%
Circuit Training
100%