На површина од над 1.000 м2, „Палестра“ ќе биде новото омилено место во градот на сите вљубеници во фитнесот. Поставен на совршена локација во новоотворениот трговски центар Ист Гејт Мол, со сопствена тераса со магичен поглед, фитнес центарот „Палестра“ ќе ви овозможи уживање во сите бенефиции што ги нудат новитетите во фитнес светот. Целосно опремен со модели од најновата палета на светскиот бренд за машини „Техноџим“, за прв пат во Македонија обожавателите на фитнесот ќе имаат можност целосно да ги искусат сите придобивки од вежбањето на кардио машините.

Токму тие, ќе бидат сместени во една заедничка соба наречена „Скилбокс соба“, во која професионалците, акцент ќе им дадат на кардио вежбите како исклучително значајни во целиот процес на создавање совршено здраво тело. Тимот на „Палестра“, посебно значење ќе им посвети и на најсовремените масажи на лице и тело како нешто особено посакувано и нешто што задолжително, секој треба да си го дозволи по напорен ден. Она што го ветуваат од фитнес центарот „Палестра“ е дека токму таму, ќе имате можност да го создадете телото и умот од соништата, благодарение на вистинските  професионалци кои ќе бидат и повеќе од среќни да ви помогнат, во место кое ги исполнува сите светски фитнес стандарди.

Фото Галерија