fbpx

Како да останете мотивирани во зима и за зимските празници?

Доколку зимата, кратките сиви денови и ладното, почнат да влијаат на вашите тренинзи и на вашата мотивација за вежбање, знајте дека не сте сами. Како што времето заладува и наближуваат празниците и зимските одмори, гледаме како нашата мотивација за вежбање и излeгување надвор се намалува, па многу е полесно да останеме дома на топло, под ќебе и да гледаме телевизија. 

Но, сепак вежбањето и активниот живот ни е битен на сите, поготово за здраво тело и здрав живот. Го знаеме сите убавото чувство од кога ќе извежбаме, се осеќаме мотивирани, задоволни со себеси, и нашето ментално здравје е на одлично ниво.

Зошто вежбањето во зима е тешко?

Најголемата причина зошто е тешко да се мотивираме за вежбање во зима, е затоа што ладното ги намалува хемиските процеси во телото, вклучувајќи ја и способноста на вашиот нервен систем да ја генерира мускулната контракција. Но, истовремено ладните температури се добри затоа што телото може полесно да ја регулира температурата на телото, а со тоа се зголемува издржливоста, па можете подолго да вежбате, и да изгубите повеќе калории. Најбитно во ладните денови, е да не ги прескокнувате вежбите за загревање на телото. 

Зошто се битни Energy Boosting вежбите?

Дури и да имате најдобри намери и желба, промената на ладната сезона може да доведе многумина да имаат ниски нивоа на енергија и намалена мотивација, па дури и да предизвикаат сезонски нарушувања на расположението. За среќа, вежбањето може да помогне против зимската депресија, со зголемување на нивото на енергија и лачењето на ендорфини. Само треба за започнете! Но, бидејќи е секогаш полесно да се каже откoлку да се направи, направивме неколку препораки и совети кои ќе ви помогнат да останете во движење!

1. Имајте план!

Со пристигнувањето во теретана, направете си план. Што ќе вежбате денес, колку време ќе посветите на вежбање и на себеси, на кој дел од телото ќе се фокусирате, кои справи ќе ги користите. Имањето план значи дека нема залудно да лутате низ теретана, туку ќе имате цел што ќе треба да ја исполните, чекор по чекор. На тој начин, ќе тренирате напорно за да ја постигнете целта, и ќе се чуствувате уште подобро бидејќи сте ја постигнале зададената цел!

2. Регрутирајте пријател/ка!

Најинтересниот начин за да останете мотивирани е да најдете workout-buddy! На тој начин взаемно ќе се мотивирате, дури и кога едниот од вас нема да сака да отиде на вежбање. Тренингот со пријател создава надворешна мотивација и ќе го зајакне вашето расположение, што ќе создаде и дополнителна енергија која ќе ви помогне да имате добар тренинг.

3. Држете се до вашите навики!

Без оглед која сезона е, важно е да се запамети дека мотивацијата доаѓа и си оди, и неможеме секогаш да се потпреме на неа. Создавањето на здрави навики и развивање на дисциплина ќе биде тоа што ќе ве води да се осигурате дека ќе ги извршите работите што треба да ги направите од ден за ден. 

4. Одберете групна активност!

Вежбањето во групна активност, е одличен начин да се осигурате дека ќе останете активни, дури и кога не се чуствувате така. Потешко е да се откажете од групен тренинг, кога имате нешто закажано физички, што почнува во одредено време. На тој начин нема да имате изговор дека ќе одите покасно на вежбање, а тоа покасно никогаш да не се случи. Групните активности како “Barre With Me”, “Brazilian Beat Workout” или “Skillathletic”, ќе ве држат во група, опкружени со туѓа енергија, со инструктор и музика за мотивирање. А социјалниот аспект од групните активности е секогаш голем плус.

5. Добра музика = Добро расположение!

Слушањето на високо енергетична и оптимистичка музика, може да ви даде енергија да постигнете повеќе, да дадете повеќе и да постигнете повеќе во теретана. Одберете песни со добар ритам и енергија, и фокусирајте се на тоа како музиката ве прави да се осеќате. Доколку немате идеа каква музика да слушате, можете секогаш да им дадете шанса на нашите музички листи на Spotify

6.  Најдете време кое ви одговара на вас!

Колку и да се трудат, некои луѓе едноставнo не се преодредени да одат наутро во теретена, додека други се борат со нивото на енергија за да вежбаат после работа. Наместо да идете против вашето тело, слушајте се себеси и пронајдете кој дел од денот се чуствувате најенергични и планирајте ги тренинзите според тоа време.

7. Следете ја вашата исхрана!

Може да се каже дека за време на зимските празници, повеќето знаат да се занесат во начинот на исхрана и внесувањето на калории. Следењето на калориите и користење на дневник за искрана е еден начин да останете одговорни. На тој начин нема да чуствувате толкав притисок да вежбате, а сепак ќе ги поддржувате вашите фитнес цели.

8. Останете хидрирани и оладете го телото!

Секогаш останете хидрирани, пијте доволно течности и оладете го телото после вежбање. Со тоа ќе ги подобрите вашите перформанси, ќе спречите болка во мускулите и ќе ги намалите ризиците од повреди.

9. Најдете ја вистинската облека!

Доколку вежбате надвор, битно е да се облечете во слоеви, и да носите облека која лесно и брзо се суши. Доколку носите памучна облека која потешко се суши ризикувате да се преладите или да настинете, а со тоа ќе се развие и одбивност кон самите активности. Инвестирајте и обновете се со квалитетна облека за вежбање, па можеби ќе добиете и екстра мотивација за да вежбате надвор или во теретана.

10.  Слушајте го телото и потсетете се зошто е битно да се остане активен!

Следениот пат, од кога ќе извежбате, дадете си момент да го запамтите чувството како се осеќате после добро направен тренинг. Утвредно е дека вежбањето го зајкнува нивото на сератонин, норепинефринот и го намалува стресот на вашето тело, кои помагаат во поттикување на природна смирена состојба на телото.

Иако зимскиот период носи свои предизвици, битно е да останеме мотивитани и во добро расположение. Запомнете да си поставите цели кои сакате да ги постигнете, и да останете во добра здравствена физичка и ментална состојба. Слушајте го телото, бидете нежни према себе и предизвикајте се себеси.

Во Palestra Fitness Center сме се секогаш спремни да ви помогнеме да останете мотивирани и да ви помогнеме да ги остварите вашите фитнес цели.