fbpx

Палестра Инспирација: Филип Јаневски

Вишокот на енергија, високиот холестерол и стресот биле причините што го поттикнале Филип Јаневски да му даде шанса на фитнесот. 🏋️

Денес, тој е максимално посветен да си го трансформира своето тело, да биде поздрав, посилен, со одлична крвна слика и да ги качи тие 15 килограми што смета дека му недостигаат.

Најголеми предизвици со коишто се соочив во овие 9 месеци како интензивно вежбам, беа недостигот на слободно време за вежбање, дисциплината, преголемиот замор. Сепак, сè се решава со правилно менаџирање на времето, со цел да најдеш слободно време за тренингот ти стане дел од дневната рутина. 

Филип вежба најмалку 3 пати неделно – најчесто понеделник, среда, петок попладне, пред или после работа, во зависност од работните обврски.

Филип-Јаневски

А кога нема мотивација за вежбање, еве како се справува:

Затоа и вежбам со тренерот Горан Филиповски. Tој е тука да ме мотивира, дури и кога немам никаква мотивација. Не ми дозволува ниту во лош ден да имам лош тренинг. Напротив, најдобрите тренинзи ми биле кога сум имал лош ден. 💪

За да качи килограми, Филип умешно комбинира вежбање со здрав режим на исхрана.

Внимавам да јадам 4 пати дневно и тоа обилно. Фокусот ми е ставен на консумирање готвена храна, многу овошје и зеленчук. Кога сум во брзање, многу често заборавам да доручкувам. Се надевам дека таа навика ќе ја сменам во иднина.

Филип-Јаневски

Тој избрал да вежба во Палестра веќе 9 месеци поради локацијата, одличните услови за вежбање и професионалните тренери како Горан кој му е и негов фитнес идол.

Кога дојдов во Палестра буквално немав ниту еден мускул оформено. Мускулите ми беа како на детенце. Но, благодарение на мојот тренер Горан, нема пропуштање тренинзи или кратење на серии – само дисциплина и максимална посветенот на вежбањето. 🚀

Ако треба да ја сподели својата фитнес мудрост со вежбачите, еве кои би биле неговите совети: 

  1. Остави го телефонот во шкафчето. Повеќе фокусирај се на вежбањето и правилно правење на вежбите, отколку на телефонот.
  2. Посвети внимание правилно да ги изведуваш вежбите, наместо да кренеш голема килажа.
  3. По тренинг, не заборавај на здрава, обилна исхрана, но и заслужен одмор.
Филип-Јаневски

Во 2024та година, Филип влегува со цел да си ја достигне идеалната килажа од 80 килограми, да биде поздрав и во подобра кондиција со цел да го издржи брзото темпо на живот.

Тимот на Палестра те поддржува максимално! 🤸‍♀️

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *