Јована Добрева е вистински пример за личност што благодарение на своите дисциплинираност и упорност е на добар пат да ги помести сопствените граници не само кога станува збор за физичката спремност, туку и менталното здравје, кое често денес е занемарено. 🙌
Нејзиниот заразен ентузијазам за вежбање и строгото почитување на насоките од својот личен тренер, ја прават идеалната личност што го крши мразот како нашата Палестра Инспирација во 2024та година.
„Пред 10тина години започнав рекреативно да вежбам т.е кога имав слободно време за тоа. Секако на почетокот на моето патување не бев свесна за сите бенефити кои ги нуди спортот и здравиот начин на живот. Примарно започнав да вежбам за физички промени, но како што реков понатаму ова ми стана секундарен план и главните промени кои ги воочувам се од здравствен аспект првенствено. После Ковид пандемијата, вежбањето од дома го заменив со фитенс спортот. Така и се се запишав во Палестра, со цел да ја сменам околината за тренинг.”
Јована вели дека најголемите предизвици со коишто се соочила при своето фитнес патување е да го постави вежбањето на листата на приоритети, особено во студентските денови кога главен приоритет ти е да се надоградиш образовно и да ја завршиш и дополнително продолжиш својата академска кариера.
Таа потенцира дека своето решение го нашла во вежбање со свој личен тренер. 💡
„Јас вежбав низ текот на овие години, но тоа не беше конзистентно и посветено, туку кога ќе најдев време – тогаш вежбав и мислам дека ова е најголемиот проблем со кој се соочуваат сите луѓе на самиот старт од своето фитнес патување. Но, откако Валентин Димитриоски стана мој личен тренер, пред отприлика 3 месеци, ги воочив најголемите промени до сега. Многу често ние самите сметаме дека може да вежбаме со апликација или некој план достапен онлајн, но тоа не е план кој може одговара токму за тебе. Валентин токму и тоа ми го докажа, неговото знаење и посветенсот кон фитнесот и нутриционизмот резултираа и кон моја успешна трансформација. Првичната мотивација ја добив токму од него, тој секојдневно те мотивира дека можеш да бидеш подобра верзија од себе. А откако реално ќе успееш да станеш подобра од тоа што си била пред еден месец, потоа си стануваш самиот на себе мотивација. Вежбањето со тренер ти овозможува пристап до инстант знаење што ти не го поседуваш. Дополнително, тренерот те мотивира, те насочува како правилно да вежбаш и да имаш резултати. Кога вежбаш сам, многу често го немаш резултатот што го очекуваш. Секако дека секој треба да го најде тренерот што ќе му одговара на неговиот начин на живот”.
А кога нема мотивација за вежбање, еве како се справува:
„Најчесто сега ме фаќа грижа на совест ако не го направам тренингот. Додека пак, на самиот почеток, првиот месец, Валентин пишуваше минуси кога немаше да се појавам, па после правев плус кардио 😅
Нејзината фитнес цел е на 60 години да изгледа како да нема 60 години, т.е да нема хипертензија, бајбас, холестерол и слично.
За да ја постигне својата фитнес цел, таа вежба 4 пати неделно, тренинзи од времетраење час и половина. Воедно, има и персонализиран режим на исхрана од нејзиниот тренер, а се состои од лесни оброци за да не троши многу време при подготовка на истите. 🍉
„Режимот на исхрана ми е напишан од Валентин и строго го почитувам. Затоа што, ако не го почитуваш режимот на исхрана, резултатите нема да бидат сто-процентни.”.
Јована вежба во Палестра веќе 1 година и е една од најредовните членови.
„Како што напоменав, се запишав во фитнес студиото на Палестра после Ковид-19 панедмијата. Главната причина беше дека Палестра ја има најголемата површина за вежбање и секако најчистата сала. Ако ме прашате зошто би продолжила тука да вежбам, тоа е најмногу заради персоналот кој го има Палестра. Веќе е јасно дека сум најблагодарна на мојот фитнес тренер, па ако можам да доделам награда за тренер на годината – дефинитивно нему ќе му ја доделам”. 🏆
A aко треба да даде неколку совети до вежбачите, еве кои би биле тие:
✅ Нека не ти биде страв да започнеш, затоа што секој почеток е најтежок. Едноставно, треба желбата да ти е поголема од стравот за да го надминеш.
✅ Не се срами од тоа дека не знаеш некоја вежба. Подобро прашај отколку да останеш во незнаењето. Никогаш нема глупаво прашање, туку има глупави одговори. Овде во Палестра секој би ти помогнал и би ти покажал како да направиш одредена вежба.
✅ Нека не ти биде вежбањето занимација, туку облигација – да ти е нешто што мора да го направиш за да имаш нормален начин на живот. А не да ти биде нешто што може да го направиш само кога имаш време.
За неа, најголемата мотивација е самата таа пред да започне сериозно да вежба.
„Кога ќе ја видиш сопствената промена што си ја направил, кога си горда на самата себе, кога се чувствуваш многу подобро – тоа ти е најголемата мотивација”.
Во 2024та година, Јована ќе ја искористи мотивацијата за да биде секој ден барем 1% подобра од претходниот ден, за да до крајот на годината биде за 37 пати подобра од претходната година! 💪
Јована, тимот на Палестра те поддржува во твојата одлука!