fbpx

Палестра Инспирација: Радмила Лошковска

Радмила Лошковска

Динамична, полна со енергија и секогаш подготвена за акција, Радмила Лошковска е синоним за личност што зрачи со здрав и активен начин на живот. 🚀

Јас сум личност којашто отсекогаш била спортски активна. Сум вежбала аеробик, зумба, фитнес, одбојка, итн. Во текот на бременоста, за време на Ковид пандемијата, имав пауза од 1 ипол година од вежбање, иако навистина многу сакав да вежбам. По Ковидот, сакав да си се вратам на старите навики, да си ја вратам мобилноста и силата на телото, но и да имам време за себе. Па затоа, одлучив да се вратам на вежбањето и така дојдов во Палестра.

Нејзината фитнес цел е тонирано тело со добро изградена мускулна маса. 

Генерално вежбам 4 пати неделно, иако би сакала да вежбам по 5 пати неделно. Тренинзите ми се поделени по мускулни групи. На почетокот, пред да започнам со вежбање, се загревам некои 7-10 минути, а поради тоа што брзам, истегнувањето во најголем процент го испуштам, иако знам дека е многу важно. Ама затоа што секогаш доцнам на работа, најчесто немам време за истегнување. 😅

Радмила Лошковска

Иако претходно немала проблем да најде време за вежбање, сега откако има семејство и дете, Радмила вели дека е вистински предизвик да најдеш време во денот што ќе го посветиш на тренинг.

Токму поради тоа доаѓам на вежбање во 6 часот наутро во Палестра. Единствениот предзвик откако вежбам во Палестра ми е да станам рано наутро, бидејќи сум човек којшто сака да си поспива, а и си легнува доцна. 

Во деновите кога нема мотивација да стане рано наутро и да оди на тренинг, еве како се справува: 

Кога немам мотивација, се терам со сила. Едноставно си облекувам патики и доаѓам да вежбам. Мотивацијата не е изговор за да не дојдеш на вежбање. Немам конкретна фитнес инспирација, но би сакала јас да бидам фитнес инспирација на мојата ќерка во иднина. 👧

Радмила Лошковска

Радмила нема некој посебен режим на исхрана. Генерално, таа се храни здраво, со фокус на овошје и зеленчук и избегнување на благо. Не е фан на месо, што знае да ѝ прави проблем да качи мускулна маса.

Таа е редовен и дисциплиниран вежбач, што тренира во Палестра скоро 2 години.

Ја избрав Палестра поради условите што ги нуди – огромен простор, разновидни справи, хигиена на ниво, одличен персонал и времето на започнување на работа на центарот што е од 6 часот наутро и ми овозможува да можам да вежбам пред работа.

Нејзините фитнес цели што сака да ги постигне во 2024та година се да има по 5 тренинзи неделно, да може да спие повеќе и да го регулира режимот на исхрана. 

Радмила Лошковска

А еве што ги советува сите вежбачи што се стремат да бидат својата најдобра фит верзија во 2024та:

Бидете трпеливи и истрајни во остварување на своите цели, бидете континуирани и едноставно уживајте во вежбањето, затоа што тоа е придобивка само за Вас! 💪

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *