Што треба да јадете по празниците за брзо да се вратите во форма?
И зошто вежбањето е најефективниот начин да ја намалите грижата на совест по обилното празнично јадење? 🏋️
Фитнес тренерот Хари Личина ни објаснува дека по обемен “cheat meal”, важно е да внесеме избалансирани и хранливи оброци за да му помогнеме на нашето тело да се опорави.
Тој предлага 5 општи нутриционистички планови:
1. Лесни протеини и зеленчук
✅ Давајте предност на лесни протеини како гриловано пилешко, риба или јајца.
Протеините со мал процент на масти посебно како рибата, белки од јајце и пилешко месо се одличен извор на висок внес на протеин, а имаат и многу мал процент на масти. Дополнително, изобилуваат со сите есенцијални амино киселини, витамини и минерали.
✅Вклучете разновиден зеленчук за да обезбедите есенцијални витамини и минерали.
Зеленчукот содржи многу малку калории, а е богат со влакна при што ни помага при варењето на храната и регулирање на шеќер во крвта. Поради големата количина на вода, зеленчукот додава обем во оброкот и ситост без екстра калории.
2. Цели житарици и влакна
✅ Изберете цели житарици како киноа, интегрален ориз или овес за долготрајна енергија.
Целите житарки содржат есенцијални хранливи супстанци како влакна, витамини од групата В и витамин Е и минерали (железо, магнезиум и селен).
Сложените јаглехидрати во целите житарки обезбедуваат стабилно ослободување на енергија, што ги прави одличен избор за трајна енергија за време на денот.
✅ Вклучете и храна богата со влакна како грав, леќа и зеленчуци.
3. Хидратација и детоксикација
✅ Пијте многу вода за да останете хидрирани и да принесете кон природната детоксикација на вашето тело.
Не внесувајте шеќерни пијалаци затоа што водата има 0 калории и со доволен дневен внес на вода го одржуваш метаболизмот на ефикасно ниво за да согорува калории.
✅ Консумирајте вода со лимон.
4. Здрави масти
✅ Изберете извори на здрави масти како авокадо, јаткасти плодови и маслиново масло.
Овие намирници можат да ве заситат, но и да ги избалансираат вашите оброци. Тие содржат голем број на Б витамини што играат клучна улога во претворање на храната во енергија.
5. Избалансирани оброци
✅ Целете кон баланс од јаглехидрати, протеини и масти во секој оброк.
Избалансираните оброци се клуч до намалување на килограмите. Затоа, вклучете мешавина од храна богати со хранливи материи за да го поддржите вашето здравје.
Најважно е да го слушате сопственото тело. Овие планови нудат општи упатства, но индивидуалните нутриционистички потреби за секој човек се различни.
За крај, балансот е најважен. Секако можете и да си дозволите посебна закуска за време на празниците, но да не се заборави најважниот дел – вежбањето.
Се гледаме на тренинг во Палестра! 💪