fbpx

Палестра Инспирација – Марија Тошевска

Marija-Toshevska

Борбата со анксиозноста била пресуден фактор за Марија да сфати дека е време да се посвети на своето физичко здравје, а со тоа и да си го среди неправилниот однос со исхраната и да постигне ментална благосостојба.

Денес, таа ни е одличен пример дека физичката активност позитивно ти се одразува врз секој аспект од твојот живот. 🚀

Имав навистина нарушен однос со исхраната. Постојано бев на екстремни диети со погубни ефекти, тешко ми беше да најдам време за вежбање, да ставам приоритет на сонот, да си легнувам порано. Откако почнав со физичка активност, тренинзите ми станаа навика што ме прави среќна. Интересно е тоа што колку повеќе вежбаш, толку повеќе си незадоволна од својот изглед, бидејќи сакаш сè подобро и подобро да изгледаш. 

Освен тонирано тело, нејзината фитнес цел е и постигнување ментална благосостојба. За да го постигне ова, таа вежба 4 пати неделно. 🏋️

Имам 3 тежински и 1 кардио тренинг во неделата. Вежбам најчесто наутро околу 7-8 часот. А кога не сум во теретана, пешачам по 10.000 чекори секој ден. Пасија ми е и искачувањето на планина. Досега имам искачено 5-6 врвови во Македонија. Дополнително, целта ми е моето искуство со уметнички танц да го споделам со други во вид на фитнес активност. 

Marija-Toshevska

Деновите кога нема мотивација за вежбање, еве како се убедува самата себе да оди на тренинг: ⬇️

Размислувам на тоа колку ќе ми биде подобро откако ќе извежбам. Самото чувство по вежбањето е незаменливо. Поголемиот дел од заслугата е на мојот личен тренер Антонио Трипуновски. Всушност, целата авантура со фитнесот ја започнав со него, сите работи што ги научив за фитнес и вежбање се 90% заслуга тој на човек, неговиот пристап и едукација.

Токму Антонио е нејзината фитнес инспирација. ✨

Нема лош ден за Антонио. Дури и кога не му е денот, знае да биде фокусиран на позитивните работи. Му се восхитувам на неговиот мајндсет. Тој ме научи дека физичкиот изглед е релативна работа, дека треба да се стремиме кон здравје.

Денес, таа има воспоставено навистина здрав режим на исхрана, без приговор почитувајќи ги насоките на тренерот во зависност од целта за тој временски период. Периодов е фокусирана на комбинации од риба, стек и златен микс.

Marija-Toshevska

Марија е една од најредовните вежбачи која вежба во Палестра веќе година дена.

Во Палестра има голем број на справи што ги има само овде. Нивото на хигиена е врвно, а гостопримливоста, тимот на луѓе што те пречекуваат на влезот, нивната позитивност е незаменлива. Фитнес центарот е толку голем што колку и луѓе да има, повторно можеш удобно да вежбаш. Дополнително, ако немаш спремно оброк од дома, можеш да си купиш од Палестра барот. 🥑

А еве што Марија би ги советувала вежбачите:

✅ Не си поставувај строги рокови до кога да постигнеш одредени резултати, ако сè уште немаш рутина и навика за вежбање.

✅ Биди трпелив/а. За промена и видливи резултати е потребно време.

✅ Верувај во процесот, затоа што промените се случуваат кога не ти се доаѓа на тренинг.

Фитнес целите на Марија до крајот на 2024та е да си ги задржи сите физички и ментални придобивки што ги добива од вежбањето и да успее да крева поголема тежина. 

Само напред! 🚀

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *