Подобрување на здравјето, зајакнување на телото, поголема кондиција и сила се причините поради кои што Сања Петреска не може да го замисли денот без тренинг. По пауза од 3 години поради здравствени причини, таа со полн интензитет си надоместува за пропуштените тренинзи. 🙌
По прекин од 3 години, ми требаше доста време за да се вратам на вежбање. Но, штом се вратив во сала, се роди некоја повторна, но и посилна љубов кон вежбањето. Денес, вежбањето го чувствувам како неизбежен дел од животот и секојдневието.
Предизвиците повторно да се врати во форма биле бројни, почнувајќи од здравствени проблеми, па се до локација на живеење и работа.
Имав доста здравствени проблеми во изминатава година каде што не смеев никакви физички вежби со тежина, ниту, пак по скали да се качувам. Смеев само благо пешачење. Најголем предизвик ми беше и местото на работа, затоа што не ми е постојано. Како што го менувам местото на работа, ми треба време да се навикнам на околината, луѓето, новиот начин на живот, а и секако да си најдам ново место за вежбање, да започнам нова рутина и да стекнам нови познанства.
А кога нема мотивација за вежбање, еве како се убедува себеси: ⬇️
Само ќе се потсетам на тоа колку време ми требаше повторно да се вратам во форма. И покрај тоа што имам денови кога не сакам да станам од кревет, ќе се погледнам во огледало и ќе си речам: Мораш да одиш да вежбаш!
Нејзината постара сестра Александра е нејзината фитнес инспирација што преку пример ја инспирира да го даде својот максимум на секој тренинг.
Колку и сестра ми Александра да има обврски во текот на денот, што и да ја замолиш да правите заедно наутро, таа ќе ти каже НЕ затоа што сака да си го заврши тренингот. Поради тоа изгледа 10 години помладо. 🤩
Сања веќе 4 месеци вежба во Палестра, по препорака на најдобра пријателка.
Големината на салата и изборот на справите ме воодушеви. Дури и кога е преполна салата, секогаш можеш да најдеш слободно место и справа за да се фокусираш на своите вежби. Персоналот е одличен и секогаш спремен да ти помогне.
Кога Сања се враќа во Македонија, нејзината фитнес рутина e следнава: 🏋️
Вежбам 5 пати неделно во Палестра, од понеделник до петок наутро. Тоа ми е прво нешто што го направам во денот. Дури и пред да појадувам доаѓам овде. После 1 час од будење јас сум во Палестра. А во останатиот дел од неделата кога не одам во теретаната на Палестра, вежбам со Реформер Пилатес.
Сања го следи правилото 80% здрава исхрана, 20% благо и јаглехидрати.
Јас сум веган и не јадам ништо од животинско потекло. По тренингот во теретана јадам овесни снегулки со чиа семе и бадемово млеко. А дури по 2 до 4 часа по вежбањето го јадам 2от оброк. Навечер не вечерам, правам некој вид на intermittent fasting. Го следам правилото 80:20. 80% сум на здрава исхрана, а 20 % на храна како благо, јаглехидрати. Во текот на работната недела, од течности практикувам само кафе, чај и вода.
Ако треба да даде неколку совети од сопственото фитнес искуство, еве што би рекла:
💡 Не се споредувајте со другите вежбачи и нивните резултати.
💡 Не мора да го вежбате истото што и останатите. Најдете си фитнес рутина што ќе Ви одговара – кардио, кревање тегови, пилатес, јога, итн.
💡 Не се срамете да вежбате, затоа што сите сме со 1 цел дојдени во теретана – да се подобриме самите себеси. И секако – не плашете се да прашате за совет!
До крајот на 2024та година, Сања ќе биде фокусирана да продолжи да вежба како и досега за да собере сила и кондиција да го истрча својот прв маратон.
Тимот на Палестра ќе те бодри на целта! 🏃♀️