Сара Митевска и Марио Цветаноски се запознале на тренинг во Палестра и од тогаш се неразделни. Тие двајца ни се пример дека заедничкото вежбање во теретана е еден од најдобрите дејтови. ❤️
Марио започнал со вежбање бидејќи не бил задоволен со својот изглед, додека, пак Сара како личност која што отсекогаш се грижела за себе, почнала интензивно да вежба за уште подобро да си го тонира телото.
Отсекогаш постоеле периоди кога не ми се вежбало и не сум ја посетувал теретаната. Како некој што вежба речиси 13 години со прекини, дури во изминативе 6 години почнав да бидам фокусиран, дисциплиниран и да не пропуштам тренинг. Денес, Сара ми е најголема мотивација за вежбање, вели Марио.
И Сара мака мачела за да го воведе вежбањето како дел од својата рутина. 🏋️
Пред 4-5 години ми беше навистина тешко на почетокот додека да се убедам себеси да започнам со вежбање. Но, штом фатив ритам, сè ми беше полесно. Веќе 2 ипол години вежбам редовно бидејќи стекнав навика и рутина, па вежбањето е дел од моето секојдневие. Да, и мене Марио ми е најголема мотивација!
Фитнес целта на Марио е да ја одржува моменталната мускулна маса и да биде во форма во текот на целата година. А еве која е рутината што му помага во тоа: ⬇️
Вежбам 6 до 7 пати неделно, од кои што 2 дена во неделата вежбам Push Pull Legs програма. Недела ми е ден за активен одмор, а тоа значи качување на Водно, пешачење, шетање на кучето, инт. Од реквизити најчесто користам тегови и кабли бидејќи се најприлагодливи за различни вежби и можам голем дел од вежбите да ги направам со нивна помош.
Зголемување на својата мускулна маса за најмалку 3 до 4 килограми е фитнес целта на Сара.
Вежбам 6 пати во неделата. 2 пати во неделата вежбам нозе, 2 пати горен дел од телото 2 пати pole fitness. Недела ни е заеднички ден за активен одмор. Најчесто вежбам со слободни тегови и на справите за нозе.
Заедно си готват високо протеински оброци со цел да го исполнат внесот на калории што за Марио е 2700, а за Сара 2500 калории дневно. 🥑
Марио вежба во Палестра 1 година и 2-3 месеци.
Не бев задоволен со теретаната каде што одев претходно. Палестра ми е блиску до дома, а голема улога има и пет шопот во трговскиот каде што може да се однесе кучето на чување додека ние вежбаме.
Сара ни е редовен вежбач уште од самото отворање на фитнес студиото.
Уште кога се градеше East Gate, видов дека се спрема нова теретана и знаев дека ќе биде на врвно ниво. Па веднаш штом се отвори, се јавив за да си резервирам тренинг.
Elena Stavinoha и Hannah Lee се фитнес инспирациите на кои што се угледува Сара, додека, пак Марио сака да изгледа како Marc Fitt и Shredbundy.
Ако треба да дадат 3 совети до вежбачите од своето фитнес искуство, еве кои би биле тие:
Марио:
✅ Научете правилно да ги изведувате вежбите. Не само што ќе ја зголемите нивната ефективност, туку и ќе ги намалите шансите за повреда.
✅ Слушајте си го вашето тело. Набљудувајте како се чувствувате за време и после тренинг, а потоа прилагодете ги вежбите соодветно или побарајте помош од некој тренер.
✅ Внимавајте на исхраната – таа има огромна улога за постигнување на резултати!
Сара:
✅ Не поставувајте нереалистични цели. Секогаш ќе имате побрз резултат доколку поставите помала, но реална цел.
✅ Не се демотивирајте доколку не отидете неколку дена во теретана – вашиот прогрес нема да стагнира.
✅ Бидете внимателни со што го храните вашето тело и вашиот ум.
До крајот на 2024та година, Сара сака да зголеми на килажа, да остане конзистентна и дисциплинирана во вежбањето како и досега и секако – да биде уште подобра во pole fitness.
Марио, пак, сака да биде уште поактивен и да ги надмине своите најдобри перформанси.
Дечки, ве држиме за збор. 😉