fbpx

Палестра Инспирација: Нина Николиќ

nina-nikolikj

Секое вложување во себе се исплаќа, а најдобар пример за тоа е Нина Николиќ. 

Таа е вечен поборник за тоа дека ако сакате да имате здрав и среќен живот, секогаш треба да одвојувате време за себе и за вашето физичко и ментално здравје. 🙌

Секогаш сум се трудела да сум физички активна, без разлика дали е тоа трчање или возење ролерки на кеј, аеробик, зумба, инт. Меѓутоа, главната разлика ја приметив кога почнав да одам во теретана, најмногу во делот на мајндсетот, дисциплираноста и конзистентноста. Во периодот на пандемијата кога теретаните затворија, тој период (кој што за мене траеше повеќе од 2 години), сфатив дека многу долго како приоритет сум ставила сè останато, освен себе и времето за грижа за себе и балансот. Најтешко беше да се вратам во теретана после толку долг период. Постојано одолговлекував, ама thanks to someone кој веќе одеше во Палестра, ја искористив како “изговор“ понудата за Валентајн минатата година за да земам годишна членарина. Јас мојата ја стартував дури во мај. И конечно се вратив во некоја рутина летото 2023. 

Најголем предизвик со кој што Нина се соочила во своето фитнес патување е да направи простор во набиениот распоред што ќе го посвети на физичка активност и секако – припремата на здрави оброци. 🥑

За мене, инспирацијата е поважна од мотивацијата. Инспирацијата те води, бидејќи знаеш дека секој ден, со одлуките што ги правиш, си поблиску до таа подобра верзија од себе. Убавината е во тоа што ние како луѓе, треба да се менуваме, да растеме и за 1 година да видиме колку сме напреднале. Мотивација се нема секој ден, но важен е начинот на кој размислуваме и секој ден кога ја спремаме торбицата, да се потсетиме поради кои бенефити одиме на вежбање. Тука се и одличниот тим на Палестра кои што во секое време се достапни за совет, помош и поддршка.

nina-nikolikj

Нејзината фитнес цел е да биде комфорна во сопствена кожа. А еве како изгледа нејзината рутина што ѝ помага да си ја оствари целта:

Се трудам да одам буквално секој ден во теретана, претпоставувам дека и баш поради таа конзистентност некој ме препорачал како Gym Inspo. 😊 Започнувам со 5 минути истегнување/загревање. Секој ден вежбам различни делови од телото со тежински вежби. Потоа вежбам минимум 30 минути кардио. Последниов месец сум стриктно на трака, 12 incline меѓу 3-4 speed. Времето побрзо ми оди додека вежбам и учам нови работи со подкастот што го препорачувам на сите: The Diary of a CEO од Steven Brattlet. И на крај, завршувам со истегнување. Мислам дека најубавото чувство после добар тренинг се туш и протеински шејк.

Најчесто ќе ја најдеш на сите можни справи за кардио и за нозе, а од неодамна и на справите со кабли. Step Master-от се труди да го избегнува, иако е свесна дека е навистина ефективен.

Пред некои две недели за прв пат правев body scan analysis. Мене лично бројките на вага не ми значат, исто како и за годините. Важно ми е да дознаам на што дополнително треба да посветам внимание и да променам или подобрам нешто. Со анализата и толкувањето на истата од Боки (тренер во Палестра), двајцата се изненадивме дека lean muscle mass ми е супер. Тоа  значи дека сите тежински вежби што сум ги правела од јули до денес даваат резултати. Меѓутоа, треба уште (кардио) за да се намали вишокот, како и хормонални/cortisol тестови и исхраната да се избалансира. Се надевам дека за 2 месеци кога ќе ја правиме истата анализа ќе има подобри резултати и напредок. 💪

nina-nikolikj

Everything in moderation e начинот на кој што Нина го опишува својот режим на исхрана.

Со оглед на брзиот начин на живот, работните обврски и честите службени патувања, морав да се научам да избирам повеќе зеленчук, овошје, протеини, да читам етикети и да бирам работи со нула или минимално шеќери. Слабост ми се слатки.

Во Палестра дошла по препорака на блиска личност и веќе 8 месеци е еден од нашите најредовни членови.

Веќе по 8 месеци редовност, сум презадоволна. Тимот прави да се чувствувам добредојдено, како дома. Теретаната е секогаш чиста, начекувам одлични зајдисонца. Во терминот во кој најчесто одам се среќавам со истите луѓе – supportive community и супер луѓе со кои вреди да бидеш опкружен. Единствено нешто што mi недостига е да се врати пинг-понг масата. Беше супер активност за дружба за после тренинг, а и останав должна да се реванширам на неколку луѓе. 😅

Вежбањето со партнер е еден од начините за позабавен, поефективен тренинг и поголеми шанси дека ќе си останеш доследен на својата фитнес рутина, вели Нина.

Дефинитивно за конзистенција во теретана, топло препорачувам секој да си најде фит инспо, некој кој вежба во ист термин со тебе и те инспирира со неговата/нејзината посветеност. It works! 

nina-nikolikj

Ако треба да даде 3 совети до вежбачите, еве што би им рекла:

✅ Сè што ќе вложите во себе, ќе Ви се исплати како инвестиција! 

✅ Најдете нешто што Ви се допаѓа и одвојте време за себе и за вашето физичко и ментално здравје. 

✅ Ако не знаете од каде да почнете, советувајте се со стручно лице, па донесете одлука дека помеѓу сите приоритети секојдневно, Вие ќе си бидете приоритет бр.1 

До крајот на 2024та Нина ни дава збор дека ќе биде во најдобрата форма досега и 2.0 верзија од себе. 🚀

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *