fbpx

Палестра Инспирација – Никола Ѓаковски

Никола-Ѓаковски

Како поранешен професионален кошаркар, вежбањето отсекогаш било дел од животот на Никола Ѓаковски. ⛹️

Но, по тешка операција, наеднаш си ја зголемил килажата. Не можел да се гледа во таква состојба во огледало, па решително се вратил на вежбањето за да си го поврати посакуваниот изглед.

За разлика од повеќето кои што имаат проблем да го вметнат вежбањето во својот распоред, јас апсолутно сум спротивно од тоа. Како најголем мотив за вежбање би го навел победувањето со самиот себе, натпреварот со самиот себе. Повеќето доаѓаат да извежбаат и да си одат дома. Јас го гледам ова исклучиво како натпревар со самиот себе. 🏆

Неговата цел за вежбање не е конкретно достигнување на одредена килажа или мускулатура, туку одржување на здравиот живот и навиките во иднина.

Кога ќе се решиш за нешто не ти е проблем мотивацијата – проблемот ти е истрајноста при секојдневните обврски да се пронајде грам енергија за да се извежба.

Никола-Ѓаковски

Тој се доближува до својата фитнес цел преку следнава рутина: ⬇️

Вежбам утрински тренинзи 6 пати неделно, од кои секој тренинг е засебен и поделен на различни сегменти. Најчесто ќе ме најдеш на траката за трчање или како кревам еднорачни тегови.

Никола веќе 2 години е еден од најредовните вежбачи во Палестра.

Фитнес центарот Палестра најмногу ми се вклопува во работните обврски како местоположба. Дополнително, овде е и пријатната работна атмосфера што ја нуди просторот и луѓето околу него.

Никола-Ѓаковски

A oва се 3 совети што од сопственото фитнес искуство, би ги дал до вежбачите:

✅ Дисциплината ја победува мотивацијата.

✅ Немаш потреба да бидеш завидлив/а на тежините што ги креваат другите.

✅ Утринскиот тренинг е оној што ти дава енергија за цел ден.

Бодибилдерот Зоки Петрески е неговата секојдневна фитнес инспирација, оној кој што го мотивира да биде дисциплиниран во постигнување на своите цели за до крајот на 2024та година:

Како главна цел до крајот на годинава, би ја издвоил подготовката за истрчување на скопскиот маратон од 41 километар. И секако, најважната цел – да ме служи здравјето! 🚀

Никола-Ѓаковски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *