Лејла Јашар потекнува од спортско семејство. Од својата 9та година редовно тренирала ракомет цели 12 години. 🤾♀️
По завршувањето на ракометната кариера и повреда на рамото, љубовта кон ракометот ја трансформирала положувајќи за ракометен судија за во Македонија и Европа.
Секогаш наоѓам мотивација и време за тренинг. Нема нешто што ме спречува на патот до вежбањето, единствено настинки и болести. Најчесто ме води една мисла на татко ми: „Шампион е оној кој станува кога не може!” 🙌
Нејзините фитнес цели се подобро здравје, но и постигнување на кондициска спремност што ја бара нејзината професија, бидејќи некогаш знае да истрча 5 до 6 километри за рок од 1 час.
Спид машината е справата каде што најчесто ќе ја најдеш.
Секогаш одам на вежбање со однапред испланиран тренинг. Ова ми е рутина стекната уште како мала. Вежбам 4 до 5 пати неделно. Понеделник и петок најчесто ми се денови посветени за вежбање нозе, вторник ми е за грб, среда е кардио ден, а во четврток фокусот е ставен на рамо со бицепс/трицепс. За време на викенд имам натпревари и тоа некогаш ме спречува да дојдам на тренинг.
Фитнес тренерите Тино и Боки од Палестра се нејзините гуруа кога станува збор за исхрана и вежбање. 🤸♀️
Многу често знам да ги слушам советите на Тино и Боки од Палестра за исхрана. Тино најчесто ми кажува што да избегнувам од намирници, што да додадам, што да одземам. Боки ми е најчесто мотиватор. Прв ми пријде во теретаната и ми е најчест мотиватор за вежбање кога доаѓам во Палестра.
Лејла вежба во Палестра уште од првиот месец од отварањето на фитнес студиото.
По препорака на моја другарка, вежбам во Палестра веќе 2 години. Она што ја прави Палестра уникатно место за вежбање се големиот простор, најсовремените справи што ги има само овде и нешто без кое што не можам – овие луѓе тука, прекрасната грижа, атмосфера и посветеност.
До крајот на 2024та година, Лејла ќе се стреми да изгради поголема мускулна маса и подобра кондиција за да биде спремна доколку добие повик да ја претстава Македонија на македонската сцена на некој меѓународен турнир. 🏆
Ова се 3 совети што би ги дала до вежбачите:
✅ Тренирајте, упорноста може да го претвори падот во неверојатно достигнување!
✅ Никој што некогаш дал сè од себе не зажалил!
✅ Никогаш не дозволувајте стравот да ви го попречи патот!