fbpx

Палестра Инспирација: Кристина Петковска

Кристина Петковска

За Кристина Петковска вежбањето во теретана е нејзиниот омилен дел од денот уште од својата 17та година. По низа неуспешни диети со контра ефект, денес таа ни е пример дека дисциплината во вежбањето ќе ти ги донесе долгорочните резултати што ги посакуваш. 🎯

Додека бев во средно училиште бев незадоволна со својот изглед и постојано бев на различни диети што ми носеа контра ефект од посакуваното. Се борев со неквалитетен сон и едноставно сакав да променам нешто во мојот живот. Со внесувањето на физичка активност во моето секојдневие, пронајдов нешто што ме прави среќна и исполнета. Така и почна мојата приказна со фитнесот. Од моите 17 години теретаната стана мое секојдневие и пасија.

Нејзината силна етика за вежбање и строга дисциплината се водилките што ѝ ги носат посакуваните резултати. 🥊

Вежбањето кик-бокс ме научи на дисциплина и имаше главна улога во сето ова што го правам денес. Мотивацијата е таа која си оди за брзо, а дисциплината победува. Континуитетот е тој што е “виновен” за секој добар резултат и прогрес без разлика каква цел имаме пред себе.

Кристина Петковска

Кристина вежба во Палестра веќе 2 години, а најчесто ќе ја најдеш на справите за нозе и грб.

Прв пат кога влегов во Палестра, почувствував една убава енергија и атмосфера помеѓу вежбачите. Ова ми е една од најбитните работи кога избирам теретана, покрај хигиената и секако Technogym справите идеални за моите тренинзи. Мојата фитнес рутина се состои од тежински кардио тренинзи што ги делам по мускулни групи според методот Push Pull Legs. Еднаш неделно правам кружен тренинг за цело тело кој вклучува интензивно кардио.

Правилната исхраната е неизбежен дел од нејзините резултати. 🥑

Не ми претставува проблем да се хранам здраво. Секој оброк ми е богат со протеини, јаглехидрати и здрави масти. Според мојата цел периодот и дали сум во дефицит или суфицит, така и ги комбинирам намирниците.

Кристина Петковска

Ова се 10 совети што Кристина би ги дала на вежбачите:

✅ Бидете трпеливи и истрајни!

✅ Не си поставувајте превисоки цели за краток период, за да не се разочарате.

✅ Кревајте тежини (девојки, тоа нема да ве набилда).

✅ Вежбајте паметно и со план.

✅ Вложеното време во тренинг е најдобрата инвестиција за себе.

✅ Научете правилно да ги изведувате вежбите, a доколку не знаете, побарајте помош од  тренер кој ќе ве научи како и ќе го води целиот ваш процес.

✅ Одењето на трака нема да ви го тонира телото (за секоја девојка која се плаши да вежба со тежина).

✅ Дајте му на телото добра и квалитетна исхрана!

✅ Покрај тренингот, и одморот е еден од најбитните алатки за добар резултат.

✅ Бидете дисциплинирани, тоа е клучот на успехот! 

Во 2024 пред сè, главната цел ми е да бидам здрава. Да вложам во фитнесот уште повеќе од претходната година како физички така и едукативно да се надоградувам и да учам, за уште поголеми достигнати резултати. Затоа што секогаш можеме подобро! 💪

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *