И покрај тоа што е мајка на мало дете и има 1001 работни и семејни обврски, Марија Гелева Петрески успева 5 пати неделно да појде во теретана во 6:30 часот наутро и да извежба пред работа. 🙌
По долго време размислување да започнам активно да вежбам, решив да купам повеќе пара облека за вежбање и на тој начин да се “измотивирам” за да почнам да тренирам. Така и беше. За да не ми биде за џабе купена облеката за вежбање, решив да дојдам во Палестра и во неврзан муабет со Симона Ристовска, се договоривме да почнам со тренинзи. Поради бенефитите што почнав да ги приметувам и гледам кај себе, некако немав некој посебен предизвик што би ме кочел да вежбам, можеби затоа што секојдневната желба ми е преголема.
Многу ретко ѝ се случува да нема мотивација за вежбање, евентуално ако претходната вечер легнала да спие подоцна од 22 часот.
Кога ќе се разбудам во 05:00 часот наутро, веднаш на ум ми доаѓа помислата дека после секој тренинг чувството е незаменливо и дека ако не отидам во теретана ќе ми биде многу криво. Што значи за помалку од 30 секунди “разговор сама со себе” мотивацијата ми е вратена и без проблем продолжувам да се спремам за планираниот тренинг.
Нејзината фитнес цел е да остане здрава и уште посилна. А фитнес рутината што ја доближува до тоа изгледа вака: ⬇️
Вежбам 5 пати неделно – понеделник, вторник, среда, петок и сабота. Четврток и недела ми се rest day. Како што споменав, се будам во 05:00 чaсот наутро, јадам пред секој тренинг (полесен оброк кој се состои од протеини, јаглехидрати и масти) за да имам доволно енергија да го издржам тренингот кој е тежински. Пијам вода со еден цеден лимон и потоа ги пијам потребните витамини и тоа е тоа. Се облекувам, ја земам торбата за вежбање, па го земам цел куфер – односно ранецот и дополнително и облеката за на работа и се упатувам кон Палестра. Секој ден имам 3 главни оброци со две ужинки помеѓу и многу вода. Оброците се високо протеински (месо, јајца, Whey протеин), надополнети со јаглехидрати, здрави масти, овошје или зеленчук. 🥑
Марија тренира во Палестра веќе година ипол бидејќи ѝ е најблиску до дома. Најчесто ќе ја најдеш како вежба на smith maschine или прави glute kickback и leg curl.
Палестра е најново опремена теретана во градот, секогаш беспрекорно чиста и пространа и место каде што секогаш имаш доволно простор за изведба на било која вежба.
А еве кои совети би им ги дала на вежбачите:
✅ Consistency is key! Направете го вежбањето да биде дел од вашето секојдневие, во оној дел од денот кој вам најмногу ви одговара и придржувајте се до тоа.
✅ Фокусирајте се на правилни техники: Погрижете се правилно да ги изведувате вежбите за да ја максимизирате ефективноста и да го намалите ризикот од повреда. Ако не сте сигурни, размислете да работите со квалификуван тренер.
✅ Слушајте го вашето тело: Внимавајте на тоа како вашето тело реагира на тренингот. Треба да препознаете кога треба да се подобрите, а кога е потребно да се одморите или да ја измените вашата рутина за да спречите исцрпеност или повреда. Соодветниот одмор и закрепнувањето се суштински дел од секоја тренинг програма, затоа не ја потценувајте нивната важност за постигнување долгорочен напредок.
До крајот на 2024та, Марија ќе се стреми да стане уште посилна во изведување на вежбите со тежини. Таа ветува дека ќе продолжи со својата рутина на вежбање и балансирана исхрана бидејќи одлично ѝ влијае на целокупната психо-физичка состојба.
Марија, тимот на Палестра ќе те поддржува на секој чекор од патот. 💪