Мартина Цветковска е пример за личност што вистински се грижи за својот изглед со цел да го тонира своето тело на здрав и правилен начин. 💯
Токму потрагата по современ фитнес центар ја носи во студиото на Палестра, каде што скоро 2 години, таа ни е еден од најредовните вежбачи.
Секој старт е тежок. Во почетоците кога започнав со вежбање бев доста несигурна во себе. Најголем предизвик ми беше да се исхранувам правилно, но понатаму тоа се промени како што ги проширував своите знаења во областа на нутриционизмот. Веќе сум 6та година во моето фитнес искуство и можам да кажам дека освен некоја лоша настинка, друго не може да ми застане на патот во остварување на моите фитнес цели.
Во деновите кога Мартина нема мотивација за вежбање, ја води дисциплината за да ја постигне својата фитнес цел – body recomposition. 💪
Мотивацијата сама по себе како што доаѓа, така и си оди. Има денови кога мотивацијата ми е најголема, но и денови кога таа воопшто не е присутна. Во денови кога воопшто немам мотивација, ме води дисциплината. Можам да кажам за себе си дека сум многу self-disciplined person.
А еве како изгледа нејзината фитнес рутина:
Секој ден станувам во 7 часот наутро и ги приготвувам оброците за целиот ден. Во однос на тренинзите, тренирам 5 пати неделно од кои 2 пати се leg day, 2 pull и 1 push day. Омилен дел од денот за тренинг ми е вечерта. Во тој термин, најчесто се среќавам со еден мал круг на луѓе кои ми се многу драги. Разменуваме тренинг идеи, често се spott-нуваме, разменуваме pre-workout дози, тренираме заедно и најважно од сѐ – се мотивираме едни со други.
Најчесто ќе ја најдеш како вежба на Hack Squat machine и Smith machine, иако таа најмногу сака да работи со слободни тежини. 🏋️
За да ги комплетира резултатите од вежбањето, таа внимава на својот режим на исхрана, но и пиење на многу, многу вода.
Имам 5 оброци во текот на денот. Првиот оброк е високо протеинска овесна каша со овошје и путер од кикирики. Истиот овој оброк може да се замени со овесни палачинки. Вториот оброк е ориз со пилешко, салата и на страна малку овошје. Третиот оброк е оброкот после тренинг – јаглехидрати од корнфлекс или галети и доза протеин во комбинација со банана. Четвртиот оброк е најчесто риба, печен компир и салата. Петтиот оброк го завршуваме со јајца, грчки јогурт и зелена салата. Во текот на целиот ден внесувам околу 3-4 литри течности. Токму и целта до крајот на годината ми е да го завршам своето образование и да станам иден Нутриционист со цел да им помогнам на сите оние кои имаат проблеми со своето здравје или не се задоволни со својот изглед. 🙌
“Виновникот” што Мартина вежба во Палестра е нејзината другарка Сара, наша редовна и посветена вежбачка.
Јас како вљубеник во фитнесот, си барав местенце (фитнес центар) во кој ќе можам да ги постигнам своите фитнес цели. Во Палестра ме донесе мојата другарка Сара која исто така е член овде веќе 2 години. Како поминуваше времето, сфатив дека сум на правото место и со правите луѓе. Секојдневниот мил пречек од тимот на Палестра, хигиената која владее во просторот и целокупниот амбиент е нешто што ме исполнува од првиот ден кога стапнав овде. Палестра засекогаш ќе биде мојот избор!
Токму во Палестра ја запознала и нејзината нова другарка Канела која што до ден денес ѝ е пример за фитнес инспирација.
Ме инспирира секоја личност која е редовна на тренинг, дава максимум и работи на себе. Еден пример за фитнес инспирација ми е мојата другарка Canela која ја запознав токму во Палестра. In the gym, we’re not just gym partners, we’re gym chasers, lifting each other’s ambitions higher! ❤️🔥
Ова е неколку совети што Мартина од своето искуство би ги дала на вежбачите:
✅Бидете упорни и конзистентни – затоа што за секоја промена е потребно време.
✅ Совет до девојките да го вежбаат и горниот дел од телото и да не се плашат да креваат тежини.
✅ Конзумирајте правилно! Сѐ што конзумирате – Ве конзумира. Сѐ што Ве конзумира, Ви го контролира животот!