За прв пат зачекорила во теретана во средно училиште, заедно со мајка ѝ. А гледајќи го брат ѝ како вежба, било дополнителна мотивација за и таа да се впушти во водите на фитнесот. 🏋️
Денес, благодарение на вежбањето, Јана Спирковска целосно ги има променето своите животни навики и го користи секое нејзино слободно време да вложи во својата добросостојба.
Во текот на вежбањето ќе се појават многу предизвици што може ќе Ве натераат да продолжите со уште поголемо темпо, или – да се откажете. Но, најважното од сѐ е да си поставите некои цели што ќе сакате да ги исполните и да уживате во процесот до исполнување на истите. Во мојот фитнес пат се запознав со многу луѓе кои што го имаат истиот начин на размислување како мене околу вежбањето и здравиот начин на живот, нешто што ме мотивира уште повеќе.
Јана е редовен вежбач во Палестра уште од самото отворање на теретаната. Најчесто ќе ја сретнеш како вежба Hip Thrust, Romanian Deadlift и Leg Press.
Почнав да вежбам во Палестра преку препорака на другар и навистина бев импресионирана од тератаната.Секако има повеќе работи кои што ме задржаа да продолжам да вежбам таму. Најмногу ме изненади тоа колку е секогаш чисто – нешто што ми е најважно за една теретана. Дополнително, Technogym справите за мене се најдобри од сите справи што сум ги користела досега. Потоа, услугата од вработените кои што се тука да ти помогнат во секое време и да направат да ја чувствуваш теретаната како втор дом. Можам да кажам дека ова е една од најдобрите теретани каде што имам вежбано. 🏆
А еве како таа се справува во деновите кога нема мотивација за вежбање:
Искрено имам периоди кога имам многу мотивација, но и имам периоди кога ми е многу тешко да отидам до теретана. Но, гледам тоа некако да го балансирам бидејќи сметам дека дисциплината е многу поважна од мотивацијата. Најчесто си велам дека не сакам да го запоставам тоа што сум го направила досега. Во денови кога навистина се чувствувам дека немам доволно енергија, не се форсирам околу тренингот, но гледам сепак и тоа да не е често.
Иако во теретана оди чисто рекреативно, сепак максимално се труди да ја достигне својата најдобра форма, но и на паметен начин да ги искористи тие 2 часа вежбање.
А ова е нејзината фитнес рутина што ѝ помага во тоа: ⬇️
Откако ќе станам наутро, си правам појадок што практикувам да е некоја полесна храна за да не ми биде тешко за време на тренингот. Бидејќи сум музичар и мојата работа е навечер, најчесто одам во теретана попладне околу 13 или 14 часот. Откако ќе завршам со тренингот, ги извршувам обврските што ми преостанале во текот на денот. Практикувам мојот последен оброк да е до 19 часот.
За да ги комплетира резултатите од вежбањето, таа практикува здрава исхрана како неизбежен дел од нејзиното секојдневие.
Некое време вежбав без да се придружувам до некој план на исхрана и сфатив дека исхраната е исто толку важна како и вежбањето и дека не може едно без друго. Веќе здравата исхрана е дел од моето секојдневие и начин на живот. Искрено, не се држам строго до некој режим, но се трудам најголемиот дел од храната што ја внесувам во текот на денот да е здрава и со повеќе протеини.
Ова се 3 совети што би им ги кажала на вежбачите:
✅ Не откажувајте се кога немате мотивација!
✅ Вежбајте најпрвин поради здравјето, а потоа и поради изгледот!
✅ Не очекувајте брзи резултати!
Во некој период кога ќе ми дозволат обврските и кога ќе се почуствувам дека е време, ќе се потрудам максимално да се посветам на фитнесот. Сакам да почнам повеќе сама да ги приготвувам оброците и да променам некои работи околу исхраната. Да запознаам и нови луѓе кои што се на својот фитнес пат и со кои што ќе можам да споделам искуства. Фитнесот не е за да бидете подобри од некој друг. Фитнесот е за да бидете најдобрата верзија од себе! 💯