fbpx

Палестра Инспирација – Петре Божиков

Петре-Божиков

Петре Божиков ни покажува дека дури и кога немаме мотивација за вежбање, тоа не треба да ни биде изговор за да го скокнеме тренингот за денот. 🏋️

Активен сум спортски од мои 9, 10 години. Кога завршив со студии, имав вишок килограми. Затоа, првично почнав да вежбам за да ослабам и за имам поздрав живот. Долго време експериментирав со различни спортски активности, бидејќи не знаев каква дисциплина за вежбање да изберам. Но, потоа сфатив дека вежбањето фитнес во теретана ми дава најголема флексибилност што одлично се вклопува во мојот начин на живот.

Тој смета дека не треба да чекаме да бидеме мотивирани за да се појавиме на тренинг, туку дисциплината е она што ќе ни помогне да имаме здрав и активен начин на живот. 💪

Никој нема мотивација за вежбање цело време. Но, јас сум дисциплиниран и посветен, бидејќи сфаќам дека не можам да чекам да ми дојде мотивација, туку морам да одам и да се извежбам. Дури и за време на Ковид-19 пандемијата кога се затворија теретаните, 2 години вежбав од дома онлајн часови за функционален фитнес преку ФитКит.

Петре-Божиков

Петре ни е еден од најредовните вежбачи во Палестра во изминатата година. 

Избрав да вежбам во Палестра поради локацијата и условите што ги нуди и кои се веројатно најдобрите во државата. Според мене, Палестра е број 1 теретана во Македонија! 🏆

Најчесто ќе го најдеш како вежба гради на бенч клупата, ги користи еднорачните тегови или ги “окупира” справите за нозе.

Вежбам 5 пати неделно класична билдерска рутина. 😅 Понеделник – гради и трицепс, вторник – грб и бицепс, среда – нозе, петок – рамо, сабота – комбинација од вежби за горен дел и раце. Четврток и недела ми се денови за активен одмор. Се трудам да воведам повеќе кардио и пешачење во мојата финтес рутина – активности кои знам дека ми фалат.  Би сакал во иднина да пешачам повеќе поради седечкиот начин на живот и работа што сите ние го имаме.

Болната вистина е дека ако вежбаш, а не се храниш здраво, не би рекол дека ќе биде џабе вежбањето, туку нема да постигнеш посериозни резултати, смета Петре.

Не можеш да имаш добри резултати без правилна и балансирана исхрана. Имам нов хит оброк после тренинг: корнфлекс, протеин, замрзнато шумско овошје, половина банана и сето тоа е измешано со вода, бидејќи на тој начин се скратуваат калории. Идејата е да имаш оброк после вежбање кој се состои од протеини и јаглехидрати. За подобри резултати во фитнесот/бодибилдингот би било добро да се јаде храна што те заситува, односно да биде богата со протеини, а да нема толку калории. Во денот имам 3 главни оброци со 2 ужинки за кои се трудам да се високо-протеински.

Петре-Божиков

Започнал со вежбање за да ослабе, но денес, неговата фитнес цел е да зголеми мускулна маса, да намали телесни маснотии со цел да има убаво обликувано тело.

Ова се 3 нешта што ги научил на своето фитнес патување:

✅ Ако не си вежбал никогаш, најди си фитнес тренер кој би ти помогнал полесно да ги совладаш вежбите и да научиш како правилно се изведуваат. 

✅ Не се откажувај ако не гледаш резултати на почетокот бидејќи ова е долг процес.

✅ Води грижа за исхраната, меѓутоа секако дека понекогаш може да се опуштиме и да јадеме нешто што не е толку “здраво”. Неколку оброци во месецот што не се толку “здрави” нема да ти влијаат на твојата форма, бидејќи на крајот на краиштата, идејата на финтесот е здрав живот и целите се долгорочни.

Петре-Божиков

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *