fbpx

Палестра Инспирација – Илија Попов

Успеал да симне 18 килограми со вежбање и здрава исхрана, а денес е пример за дисциплиниран млад дечко којшто секогаш има мотивација за вежбање.  💪

Затоа, му симнуваме капа на нашата нова Палестра инспирација на неделата  – 21-годишниот Илија Попов.

Започнав да тренирам пред 2 години кога еден другар ме поттикна да одам со него во теретана. На почетокот, вежбав 2-3 пати неделно – колку да се каже. Првично, сакав да симнам килажа и да си го оформам телото. Стартот беше навистина тежок и полн со предизвици. Но, благодарение на вежбањето и здравата исхрана, успеав да симнам 18 килограми. 🙌

Ilija-Popov

Денес, Илија вежба 5-6 пати неделно и е навистина дисциплиниран во своите напори да порасне мускули, да изгледа физички подобро, но и да биде полн со енергија.

Вежбам 5 до 6 пати неделно во теретана, а 1 ден одмарам. Тренингот ми започнува со 10-минутно загревање, 1 час и половина вежби за тело со справи и 15 до 20 минути кардио за крај. Справите што најчесто ги користам се bench за раце, chess press за оформување на градите, шипка за бицепс и точак за кардио на крај.

Вели дека нема посебен режим на исхрана, туку фокусот повеќе го става на вежбањето.

Моментално внимавам на исхраната, ама не толку како порано кога бев на диета. Се фокусирам на вежбањето. Вежбам за да јадам. 😄 Но, секогаш по тренинг се трудам да се хранам здраво.

Ilija-Popov

Тој вежба во Палестра веќе 5 месеци бидејќи локациски му било блиску до дома и до работа.

Почнав да вежбам во Палестра бидејќи еден мој другар вежбаше овде. Дојдов со него да видам како е и останав да тренирам овде. Секако, предност е тоа што студиото ми е многу блиску до дома, но и до работата во самиот трговски центар.

Токму и во Палестра се наоѓа неговата фитнес инспирација – тренерот Валентин Димитриоски. Илија вели дека еден ден сака да изгледа како него. 🤸‍♀️

Ilija-Popov

Поттикнат од сопственото фитнес патување, еве што совет би им дал на новите вежбачи:

Секогаш потрудете се да вежбате правилно и како што треба. Ако не знаете, јас сум ви на располагање за помош. Секогаш можете да ми се обратите за совет или насока!

Целите на Илија за 2024та година се обликување широки рамења и многу енергија за да биде најдобрата верзија на себе во сите животни полиња. 🚀

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *