Андреј Марковски ни е одличен пример за вежбач кој максимално ги користи сите придобивки што вежбањето може да му ги понуди. 🚀
Како поранешен ракометар и државен првак во куглање, Андреј на потешкиот начин научил дека вежбањето не само што ќе ти помогне да бидеш фит, туку и ќе ти ги намали болките од повредите стекнати за време на спортската кариера.
„По пауза од 4 години, пресудна точка да се вратам на вежбање беше тоа што повторно сакав да се вратам во спортските води. Мојата првична цел беше да ја намалам болката од повредите што ги добив професионално, занимавајќи се со ракомет и куглање. До неодамна, заспивав и се будев со болки. Сепак, после 2 години, конечно успеав да ја сведам болката на минимум и да си ја вратам кондицијата што ја имав претходно”.
Освен намалување на болките и подобро спиење, Андреј вежба поради менталната смиреност и можноста тие 2 часа тренинг целосно да се исклучи од светот и да се посвети на моментот. 🏋️
„Најчесто вежбам 6 пати неделно. Тренингот ми започнува со благо загревање од 8 минути. Потоа следува тежински тренинг што трае еден час. На крај, завршувам со 10тина минути истегнување. Најчестите справи што ги користам за време на тренинг се Lat machine за грб, Pectoral за гради, Cable stations за трицепс, Chess press за гради и други”.
Андреј вежба во Палестра веќе 2 години. Еве зошто: ⬇️
„Палестра нуди огромен простор за вежбање, комплетно опремен со сите справи за секој дел од телото. Освен максимална комоција за вежбање, овде можам да си купам и превкусен вегански чиа пудинг после тренинг”.
Иако е личност со неверојатна дисциплина кога станува збор за грижата за себе, сепак во деновите кога не му се вежба, на интересен начин се мотивира да оди на тренинг.
„Само доаѓам! Нема сакам – нејќам. 😅 Денеска сум станал, сум бил на работа, сум јадел, ќе дојдам и тука. Тоа ми е како некоја обврска во денот што морам да ја исполнам”.
Како искусен вежбач и поранешен спортист, еве кој е неговиот совет до сите вежбачи:
„Правете разлика помеѓу загревање и истегнување. Тренинг се започнува со загревање, а се завршува со истегнување. Загревањето е клучен дел за подготовка на телото, особено кога вежбаш со тежини. Немој да бидете ego lifters – кревајте тежина според своите можности”.
Целосно елиминирање на болката од повредите, поголема сила, повеќе енергија и мобилност се целите кон коишто Андреј продолжува да се стреми.
А тимот на Палестра е овде за да го поддржи во секој чекор од патот. 💪